Резолуција на ОМД за сегашната состојба во Македонија

Резолуција на ОМД за сегашната состојба во Македонија

 

Во име на националниот интерес, ОМД, со седиште во Вашингтон, како неформален глас на македонските граѓани и иселеници надвор од границите на Република Македонија повикува под „покровителство на Претседателот, политичките партии веднаш да се заложат за итно разрешување на политичкиот ќорсокак, преку дијалог и договор на македонските партии да се формира стабилна влада, функционално Собрание и независен унитарен судски систем“.

 

Од ОМД ги повикуваат институциите да воспостават одлучна заштита на суверенитетот од секаков обид за мешање во внатрешните работи на државата, а политичарите преку почитување на Уставот да се оградат од било какви коалицирања кои можат да наштетат на националните државни интереси на Република Македонија.

 

Од дијаспората исто така бараат спроведување попис во државата согласно со Еуростат најкасно до крајот на 2018-та, како и воздржаност на политичките лидери за одржување билатерални брифирања со странски Амбасадори за внатрешните состојби во државата без да очекуваат надворешни фактори да ги решат внатрешните проблеми.

 

„Политичката платформа на партиите кои го претставуваат албанското малцинство, изготвена под покровителство на премиерот на Албанија, Собраниски да се препознае како директно мешање во внатрешните работи на државата и да се отфрли со Собраниска резолуција, барајќи сите граѓани на Република Македонија да покажат лојалност кон државата.Претседателот да побара прием во Европскиот парламент и Европската Комисија и од парламентарната говорница да информира за “добрососедките” односи и активности што ги превземаат Албанија, Србија, Бугарија и Грција кон Република Македонија“, се некои од мерките кои ги бараат од ОМД.

 

„Интезивирање на средби и се воспоставување на редовна комуникација со претставниците на македонските малцинства во сите соседни држава и во отсуство на пратеници од дијаспората да се формира Министерство за дијаспора, како и да се формира парламентарна група во Македонското собрание за соработка со дијаспората преку кои дијаспората ќе може да поднесува инцијативи во собранието“, порачуваат од ОМД.

 

ОМД согласно статусот за невладина и непартиска организација во име на заштита на националниот македонски интерес и идентитет, јавно се обврзува дека најстрого се определува „како независна, и ќе се спротивставува и отфрла секакво политичко етикетирање за пристрасност и симпатизерство кон било која политичка опција од државата“.

 

„Често ОМД е обвинета дека работи за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или друга политичка партија или субјект. Напротив, ОМД како независна организација не работи за интересите на ниту една партија, туку за Македонија и ќе продолжи со соработка со сите политички партии од Македонија и ја става на располагање целата своја мрежа, знаење и ресурси за добробитие на матичната држава во сите сфери“, велат од ОМД.

 

ОМД бара зрелост и професионално работење од сите политички парти во државата, и ги осудува сите напади и обиди на било која политичка партија во државата да се однесува непријателски кон нас само поради тоа што платформата на политичките партии не се совпаѓа со нашата платформа како невладина независна организација која ги престувавуват интересите на сите македонци без разлика на која политичка партија припаѓата – Македонија е нашата платформа и за неа ние работиме а не за политичките партии во државата и нивните интереси.

 

ОМД ќе продолжи со кампањата Македонија во НАТО со резолуции во Американскиот Конгрес за барање на активно залаѓање на САД за Македонија да стани полноправна членка на НАТО, додаваат од организацијата.

 

„Преку својата мрежа на членови и подржувачи во САД, ќе ја интезивира и продлабочи својата активност во Конгресот на САД преку Конгресната Група за Македонија и македонско-американската заедница и максимално ќе го искористи механизмот што му е овозможен на секој Американец од Македонско потекло да влијае на својот претставник во Конгресот“, велат оттаму.

 

„Преку блиските организации, здруженија и наши претставници во Европа, ОМД ќе ја интезивира својата активност во Европските Институции со посебен осврт на Еврпскиот Парламент и Европската Комисија и преку својата мрежа во Австралија, ќе работи интензивно да се признае уставното име на Република Македонија од австралиските власти. Дополнително, огранокот на ОМД во Канада исто така ќе работи на продлабочување на односите помеѓу Канада и Македонија“, се вели во резолуцијата на ОМД./крај/мф/бс