Контакт

Дијаспора

Признание „Пријател на Македонија“ за Стјепан Месиќ

Објавено пред

Убеден сум дека следните избори во Македонија конечно ќе овозможат историјата да им се препушти на историчарите за да може Македонија да се развива како сите други европски земји. Очекувам наскоро крај на кризата и верувам дека Македонија ќе ги исполни стандардите кои важат за ЕУ и дека ќе ги исполни поставените услови, рече поранешниот хравтски претседател Стјепан Месиќ на предавањето по свеченото доделување на годишните признанија на здружението на Македонците во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Граѓанската организација „Хрватско-македонска тангента“ во четвртокто вечерта во Шибеник му додели високо признание на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ . Во образложението е нагласено дека претседателот Месиќ во текот на долгогодишната соработка со „Хрватско- македонска тангента“ поддржал и поттикнал голем број иницијативи и проекти на оваа невладина организација во доменот на хрватско- македонските културни, стопански, медиумски и политички доближувања. Месиќ е првиот носител на признанието „Пријател на Македонија“, кое е втемелено во август годинава и во иднина ќе се доделува секоја трета година.

Во рамките на настанот претседателот Месиќ одржа предавање и предизвика големо внимание меѓу присутните гости и членови на „Хрватско-македонска тангента“. Тој се осврна на повеќе актуелни теми и истакна дека верува во заедничката иднина на Хрватска и Македонија.

Во врска со македонските избори на 11 декември Месиќ го истакна нивното значење и своето мислење дека тие ќе бидат вистинска прекретница.

„Убеден сум дека следните избори во Македонија конечно ќе овозможат историјата да им се препушти на историчарите за да може Македонија да се развива како сите други европски земји. Македонија на тоа има право. Очекувам наскоро крај на кризата и верувам дека Македонија ќе ги исполни стандардите кои важат за ЕУ и дека ќе ги исполни поставените услови. Со влезот на Македонија во ЕУ ќе добиеме уште еден забрзан чекор кон здружената Европа“, рече Месиќ.

На свеченоста беа врачени и три традиционални годишни признанија на личности кои значајно придонесуваат во реализација на проектите на „Хрватско-македонска тангента“. Од областа на медиумите годинешни добитници се новинарките Марина Јурковиќ од Слободна Далмација и Ксенија Билан од Шибенски портал, а од областа на културата, Вилијам Лакиќ, директор на градската библиотека во Шибеник.

Во повод на доделувањето на признанието „Пријател на Македонија“ на Стјепан Месиќ, честитки испратија почесните членови на „Хрватско-македонска тангента“, поранешниот хрватски претседател, д-р Иво Јосиповиќ, амбасадорите Данчо Марковски и Златко Крамариќ, генералот Лука Џанко и актерот Раде Шербеџија./крај/мф/мг

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

За две години 85.000 македонски граѓани се иселиле во Германија со што Македонија загубила 4,6 отсто од населението

Објавено пред

Истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија. Истражувањето се повикува на последниот попис на населението во Германија (од 2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Македонија, се вели во истражувањето.

dobivaj vesti na viber

„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.

Така, за само две години, 85.000 македонски граѓани заминале во Германија, односно земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија. оценува ИПП „Арбен Џафери“.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

МНР ги охрабрува Македонците во Албанија да се попишат како Македонци

Објавено пред

Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели, Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, се вели во соопштението од МНР.

dobivaj vesti na viber

Од македонското МНР велат дека „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство“.

Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

Северна Македонија и Албанија се земји со исклучителни пријателски односи. Министерството за надворешни работи и институциите на Република Северна Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет3 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија3 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет3 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија5 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија5 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија5 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија16 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија16 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија17 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија17 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија22 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија22 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија23 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 ден

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија1 ден

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...