Македонија
Guardian: Тетово најзагаден, следат Скопје и Битола
Весникот Guardian дошол до податоци на Светската здравствена организација (СЗО) за опасните PM2.5 честички и овие податоци ги преточил во листа на региони и градови со најзагаден воздух.
Оваа листа открива градови со најзагаден воздух во Европа, САД, Африка, Азија и други региони.
Кога ќе се изземе Турција, во десетте градови со најзагаден воздух во Европа се наоѓаат три градови од Македонија, по еден од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија, и четири во Полска.
Во Европа, доколку се изземе Турција, најзагаден град е Тетово во Македонија, Тузла во БиХ и македонскиот главен град Скопје, а меѓу десетте најзагадени се Плевља (Црна Гора) и Битола (Македонија).
„Тетово во Македонија – град со 50.000 жители во близина на границата со Косово – го има најлошиот PM2.5 загадување на воздухот во Европа, според податоците на СЗО“, пишува Guardian.
„Воздухот во Париз можеби има двојно повеќе PM2.5 честички од нивото препорачано од страна на СЗО (18 микрограми по кубен метар споредено со 1010µg/m³) – но воздухот во Делхи содржи 122µg/m³, додека во Забол, Иран, е најлош со 217µg/m³.”
Се наведува дека милијарди луѓе ширум светот се изложени на опсен воздух, но степенот на загаденост варира и најзагадени грдаови се во Азија и Африка./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.