Контакт

Македонија

Јанева: Правдата ќе победи и покрај заканите и опструкциите

Објавено пред

На почетокот на прес-конференција на Специјалното обвинителство во петокот се обрати Специјалната обвинителка, Катица Јанева, која порача дека правдата ќе победи и покрај заканите од институциите, одредени политички партии и кривичните пријави кои се поднесени против специјалното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

„Правдата ќе победи, наспроти  тешкотиите и заканите што доаѓаат од одредени политички партии и конструираните кривични пријави против мене и моите соработници. Се чувствувам слободна и цврста, бидејќи на моја страна се Уставот,  законите и вашата поддршка. Макар сите да молчат, јас нема да молчам. Сите ме охрабруваат и јас да бидам храбра и исправено да стојам пред бурите и ветриштата што му се спротивставуваат на Специјалното јавно обвинителство уште од самиот почеток на неговата работа. Ме охрабрува и поддршката на меѓународната заедница. Поддршката е доказ дека нашата борба не е само наша, туку е и борба на целиот демократски свет“, рече Јанева.Таа побара три мерки за Обвинителството поуспешно да ги спроведе поставените задачи. „Прво, по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО, второ, судските процеси  пред редовните судови од надлежност на СЈО да се предадат на СЈО без отпор и одолговлекување. Секој вид отпор ќе биде нотиран во Извештајот на СЈО што се изготвува на  шест месеци и што се доставува на увид на  Собранието на Република Македонија. Трето, Советот на Јавните обвинители на Република Македонија да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО“, порача Јанева.Физички лица поднесоа вкупно 20 кривични пријави против обвинители од тимот на Катица Јанева за малтретирање на сведоци. Обвинителката Ленче Ристоска, која е и портпарол на Специјалното обвинителство, ги негираше информациите и рече дека сведоците биле испитувано законски и дека „укажувањето на последиците од давање на лажен исказ не се малтретирање на сведоци“.„Појаснуваме дека постапувајќи согласно законот, од наша страна во целост се почитуваат сите права на лицата во постапката и тоа како сведоците така и осомничените лица. Членот 212 од ЗКП пропишува овластување и обврска на јавниот обвинител да повикува сведоци, односно лица за кои е веројатно дека ќе можат да дадат известување за кривичното дело и сторителот и за други важни околности. Притоа, согласно Законот, секое лице кое е повикано како сведок е должно да се јави на поканата. Воедно, членот 219 пропишува обврска на јавниот обвинител да го опомене сведокот дека е должен да ја зборува вистината и дека не смее ништо да премолчи, како и да го предупреди за последиците од давање на  лажен исказ. Укажувањето на последиците од давањето на лажен исказ и предочување на законските можности, не се акти на малтретирање или застрашување“, рече Ристоска.Таа се осврна и на одлуката на Советот на јавни обвинители кој донесе решение дека Специјалното обвинителство незаконски ги разрешило двете обвинителки, Марија Ѓорѓева и Лејла Кадриу и демантираше дека обвинителите биле избркани со полиција. „Ние немаме судска полиција и не била користена асистенција на полициски службеници да некој биде отстранет од работа, за што сведочат и видео записите од нашите безбедносни камери. Сепак изразуваме уверување дека Советот во иднина, како професионална институција ќе појасни врз основа на кои законски одредби и процедури постапувал при оценување на законитоста на дејствијата преземени од Специјалната јавна обвинителка, со што ќе ги отстрани сите сомнежи за пристрасно и необјективно постапување“, додаде Ристоска. Според неа,медиумите не се соодветен форум за размена на аргументи и докажување и порача дека и покрај дискредитирањето на одредени политички партии, тие работат професионално и независно.„Ова е последен пат во медиумскиот простор да ја дискутираме темата за поднесени кривични пријави против обвинители и истражители од ова јавно обвинителство и правосилната размена на аргументи ќе ја извршиме со презентирање на докази пред судот.  Обид за дискредитирањето дојде и од страна на одредени политички партии. Сакаме да упатиме порака до јавноста и сите политички фактори во Република Македонија, дека ние сме професионално и независно обвинителство, кое работи исклучиво согласно законот и преку почитување на правата на сите лица во кривичната постапка, ќе обезбеди спроведување на независни и професионални истраги. Се оградуваме во целост од изјавите на политичките партии кои се обидуваат работата на ова Јавно обвинителство да ја прикажат во сопствена корист. Наш единствен фокус е борбата против криминалот во согласност со надлежностите дадени  со уставот и законите“, рече Ристоска. Ристоска информираше дека сé уште е во тек детално евидентирање на предадените материјали од страна на политичката партија СДСМ.„Имајќи ја предвид обемноста на истите, Ве известуваме дека пописот ќе трае колку што е потребно и за констатираната состојба ќе биде изготвен и статистички преглед, кој ќе биде дел од извештајот доставен до Советот на Јавните обвинители и Собранието на РМ“, додаде таа./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје

(Видео) „Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа на општината“, вели Герасимовски

Објавено пред

Општина Центар извојува победа. Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски до ЗЕЛС, Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им се дава можност за конфискација на бесправно изградените објекти на нивна територија и нивна пренамена во функција на општината.

„Општина Центар е лидер во промени, лидер во храбри и позитивни одлуки и решенија во полза на граѓаните. Прифаќањето на Иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти и нејзино преточување во Законско решение е победа на Општина Центар но и сите други општини во државата. Собранието на 19 овој месец, го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имот на корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, каде во Членот 66 е преточена Иницијативата која ја поднесов до ЗЕЛС со која се дава можност Агенцијата за конфискуван имот врз основа на одлука на Владата дивоградбата да ја предаде на општината. Ова значи дека ние општините имаме две можности или да го легализираме објектот или доколку има услови истиот да го урнеме во рок од 6 месеци од прием. Доколку одлучиме да го легализираме, ќе можеме да го дадеме на социјално ранливи категории на граѓаните или на користење за разни културни, пензионерски, младински домови“, посочи Герасимовски денеска пред медиумите.

Герасимовски појаснува дека новото Законско решение налага локалните самоуправи да не можат да го ОТУЃАТ објектот на градежни фирми или други субјекти кои се работат со недвижности, што всушност значи дека се иззема било каква можност за профит на сметка на нелегално изградените објекти. Новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка не се однесува за дивоградбите кои се на приватно земјиште, за кои веќе се води инспекциска постапка за рушење или се води постапка за легализација.

На прес-конференцијата Герасимовски потсети дека иако поднесувањето на Иницијативата беше широко прифатена од градоначалниците сепак мораше да ги помине институционалните процедури во Министерството за транспорт и врски, Министерството за правда и Собранието како законодавен дом.

„Во државата има близу 100 илјади дивоградби, еве во Општина Центар има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, околу 5,5 милиони денари за две згради да ги оневозможиме да бидат функционални. Но сега со новото законско решение наместо дувло на бездомници како што најчеста е реалноста дивоградбите ќе можат да се пренаменат и за други потреби односно да бидат или пензионерски домови, креативни работилници или клубови за млади или пак предадени за социјално загрозени семејства“, потенцира Герасимовски.

Герасимовски напоменува дека со донесувањето на ова законско решение ќе се превенира урбанистичкиот хаос, а градежниците ќе треба да се запрашаат дали ќе градат без одобрение за градба. Воедно потсетува градоначалникот дека средствата планирани за уривање на нелегални објекти општините ќе може да ги пренаменат во други потреби за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЛДП в петок организира „Pet Friendly“ ден во канцеларијата „Либерално ќоше“

Објавено пред

Во новоотворената канцеларија на ЛДП „Либерално ќоше“ во срцето на Скопје в петок од 18:00 часот ќе се одржи „Pet Friendly“ ден за дружење, разговори и идеи на граѓаните со претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова.

dobivaj vesti na viber

– Водејќи се од нашата совесност, свесност и одговорност, покренавме иницијатива за носење на нов закон за благосостојба на животните. Милениците, се семејство, не потрошен предмет и затоа секој сопственик кој го остава својот миленик на улица треба да сноси одговорност и да се обезбеди регулиран систем на одговорно одгледување и размножување. Воедно да се обезбедат соодветни услови за бездомните кучиња и мачки и при тоа да ги заштити граѓаните од несакани повреди, е пораката на Зајкова.

Граѓаните се добредојдени на петочното дружење заедно со своите миленици, а своите идеи и предлози може да ги споделат и во писмена форма.

На полето на заштита на животните, ЛДП до Собранието поднесе и предлог за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, којшто ќе воведе построги мерки против оставање животни на улица, поодговорно сопствеништво и ќе ги подобри нивните услови.

Прикажи повеќе...

Скопје

„Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ – голема забава под маски во Кисела Вода

Објавено пред

Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ општина Кисела Вода, в понеделник, на први април, организира голема забава под маски за најмладите.

dobivaj vesti na viber

Пред салата Расадник ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел се задолжени „Поточиња”.

Настанот започнува во 11 часот, а за изборот на најдобра маска ќе одлучи жири комисија од општината. Најдобрите маски ќе добијат награди, велат од општината и ги покануваат сите дечиња да дојдат во Шеговил и со своите насмевки, шеги и маски да поминат еден прекрасен ден.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет3 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет3 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија3 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион4 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет4 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет4 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија19 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија20 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија21 час

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија22 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија23 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...