Македонија
„Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим
По повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители „Св Кирил и Методиј”, во сабота вечер, во Рим се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.
Во рамки на културната манифестација, која беше свечено отворена од претседателот на Владата, Никола Груевски, е поставена и изложба на автентични македонски копаничарски дела.
Груевски во своето обраќање рече дека Македонија и годинава, по 47-ми пат дава свој придонес во чествувањето на големите словенски просветители, потврдувајќи ги уште еднаш добрите врски меѓу Република Македонија, Ватикан и Република Италија.
„Знаејќи дека цивилизациски дострел на секоја општествена заедница е грижата, заштитата и промоцијата на културните вредности кои останале од минатото, денес во чест на Свети Кирил, ја отвораме изложбата „Македонска резба–традиција и континуитет” преку која ја презентираме богатата македонска култура, овој пат издлабена и зачувана во раскошната македонска резбa“, рече Груевски.
Тој посочи дека резбаните ракотворби се создавани во еден од главните центри на уметноста во Македонија, градот Охрид, во познатата охридска резбарска школа, чија традиција е навистина богата и претставува синтеза од уметнички континуитет на скапоцената семејна традиција пренесувана од колено на колено, а длабоко инспирирана од славната дебарско-мијачката школа.
„Нивната просветителска улога на културен и на религиозен план, претставува порта низ која голем број народи влегоа и се издигнаа, а нивната мисија ја задолжи целата христијанска цивилизација, а посебно македонската држава како место во кое поминаа најголем дел од својот живот. Токму затоа, Македонија со гордост и задоволството го одбележува и чествува споменот на Светите браќа Кирил и Методиј“, додаде Груевски.
Во рамки на манифестацијата се обрати и министерката за култура Елизабета Качевска – Милевеска, која истакна дека на изложбата се презентирани врвни уметнички дела на 11 автори, современи охридски резбари од четири различни генерации.
„Тие резби преставуваат 35 ремек дела кои датираат од 14 до 20 век и кои говорат за мајсторството, инвентивноста и креативноста на македонските резбари кои создавале одлични уметнички примероци. Овие експонати се дел од богатата ризница на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, посочи Канчевска“, Милевска.
Владината делегација предводена од претседателот на Владата Никола Груевски во текот на утрешниот ден ќе го посетат вечното почивалиште на Свети Кирил во црквата Сан Клементе во Рим и ќе присуствуваат со молебенот со кој ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори
Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека кога политичарите говорат за прашањата за Преспа и другите договори, тоа е само губење време и одвлекување на вниманието од реалните проблеми на земјата, сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и сл..
„Точно е! Мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, очајни се од непостоење здравствен или образовен систем, сакаат развој а не вртење кон минатото.
Она што овие млади (а инаку умни) луѓе уште не го научиле е дека геополитиката (која ни ја наметнаа) е тесно поврзана со геоекономијата. Би очекувала својот критички ум да го свртат кон, на пример, поврзаноста на нашата колонијална положба со Преспа и Митилинеос. Или дури и со Бехтел и Енка… и уште многу ситни и не толку ситни зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството, ама и ги наполнија своите џебови врз база на бајките за ЕУ интеграција со смена на името и уставот.
It’s all about geopolitics, stupid!“, пишува Ванковска.
Според неа, Преспа и Бугарскиот договор не се само национални, идентитетски прашања, туку и класни и социоекономски. Ние, додава таа, сме во класично ропство, а принудени да аплаудираме на колонизаторите кои не се тука за наше добро, туку за свои интереси.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Идната наша влада ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Главен фокус на идната влада во здравството ќе биде укинување на дуализмот. Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“. Интегриран Клинички центар во Скопје ќе значи подобри услуги за пациентите и намалување на трошоците при јавните набавки, кои ќе бидат вршени централизирано. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заокружи целиот процес со Клиничкиот центар во Скопје со изградба на нов објект“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип.
„По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има здравјето на граѓаните на прво место, затоа континуирано ќе вложуваме во здравството. Време е да ја вратиме државата на народот“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот. Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања. Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што посочуваат, од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно работат на црната кампања на СДС за претстоините избори.
„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на странски државјани во кампањата за изборите. Време е за промени. Следува одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на народни пари“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.