Македонија
Министерката Канчевска – Милевска била повикана како сведок во СЈО
Министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска во вторник три и пол часа беше распит во Специјалното јавно обвинителство. Како што изјави Министерката по распитот, таа била повикана во Обвинителството како сведок за некој од случаите кои ги отвори ова Обвинителство.
„Во Специјалното јавно обвинителство бев дојдена во функција на сведок. Сакам да го изразам моето задоволство за поканата од страна на Специјалното јавно обвинитлство каде што имав можност да го потенцирам законското работење на Министерството за култура. Сепак истрагата е од таен карактер, јас не сум овластена да давам изјави. За сѐ останато може да се јавите во СЈО“, изјави кратко Канческа Милевска.Засега не е познато за кој случај сведочела Каческа – Милевска, иако нејзиниот глас можеше да се слушне и во објавените прислушувани разговори од страна на опозицијата. Пред нејзе, од Специјалното јавно обвинителство излезе бизнисменот Орце Камчев кој не даде никаква изјава за медиумите. За Камчев не се знае ниту во какво својство е викнат во СЈО, дали како осомничен или сведок.Специјалната јавна обвинителка се појави во Обвинителството, еден час и половина откако започна распитот на Канческа – Милевска, односно околу 13.30 часот. Изјави дека не е во тек со тоа кој е дојден денеска распит, но потврди дека овие денови треба да се појават поголем број лица во ова Обвинителство.Месецов во СЈО се појавија и поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Тони Јакимовски, поранешната пратеничка и сега член на ДИК, Силвана Бонева и други јавни личности. Од СЈО нема детални информации за распитите бидејќи постапките се тајни.Обвинителствотот сѐ уште нема покренато ниту едно обвинение./кај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.