Ахмети: ДУИ разговараше со останатите партии за продолжување на конститутивната седница на Собранието

Ахмети: ДУИ разговараше со останатите партии за продолжување на конститутивната седница на Собранието

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во четвртокот се сретна со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, со кого разговараа околу политичките случувања во Македонија и начинот за излез од оваа политичка и институционална криза, соопштуваат од ДУИ.

 

Ахмети го запозна словенечкиот амбасадор дека ДУИ има разговарано со главните парламентарни партии за иницирање на парламентарната координација со цел да продолжи и да заврши конститутивната седница на Собранието, велат од ДУИ.

 

Новоизбраниот претседател на Собранието по завршувањето на таа седница треба да ја информира институцијата претседател на државата за новото парламентарно мнозинство и да побара споделување на мандатот за формирање на влада, додаваат од ДУИ.

 

Ахмети повтори дека политичката и институционалната криза не треба да се претвори во етничка криза и ги повика сите страни да не придонесуваат во овој поглед, потенцираат од партијата./крај/мф/бс