Вучиќ: Опозициските кандидати сакаат „македонско сценарио“ во Србија

Вучиќ: Опозициските кандидати сакаат „македонско сценарио“ во Србија

 

Актуелниот српски премиер и претседателски кандидат Александар Вучиќ ги обвинил неговите опозициски противкандидати дека сакаат да предизвикаат „македонско сценарио“ и нестабилност во Србија, пренесува Б92.

 

Вучиќ на митинг во Пожаревац ги обвинил опозициските кандидати дека користат „таков речник на навреди, каков што никогаш не постоел на политичката сцена на Србија“. „Ме загрижува нивната желба да предизвика нереди и немири во Србија. Тиа остануваат на тоа дека сакаат да предизвикаат македонско сценарио во Србија. Тоа не е успех за Србија, успехот е мир и стабилност, да размислуваме за успеси и победи, а не за судири. Што и да прават, нема да им дозволам да го загрозат мирот и спокојт на вашите деца“, рекол Вучиќ.

 

Наведувајќи дека претстојните претседателски избори ќе бидат одржани во мир и демократска атмосфера, лидерот на Српската напредна партија (СНС) ги повикал своите членови да не се однесуваат на негативен начин кон своите коалициски партнери. „Потребно е да не има многу, ние кои сакаме модерна и пристојна“, навел Вучиќ.

 

Српскиот министер за внатрешни работи и функционер на СНС, Небојша Стефановиќ ги обвинил претседателските кандидати Вук Јеремиќ, Саша Јанковиќ, Саша Радуловиќ и Бошко Обрадовиќ дека по „секоја цена сакаат власт и функција“, и дека ги „повикуваат граѓаните на револуција“.

 

„Непрекинато повикуваат на украинско сценарио, не им е битно Србија да остане стабилна. По секоја цена сакаат власт и функција, некои од нив велат дека во Србија ќе се пука како што се пука во Македонија. Им порачувам дека нашите градови нема да се палат, наше е да им кажеме да не размислуваат за насилство и судири“, порачал Стефановиќ./крај/мф/бс