ЕК: Не шпекулираме за составувањето на владата, туку очекуваме брзо формирање и посветеност кон европските реформи

ЕК: Не шпекулираме за составувањето на владата, туку очекуваме брзо формирање и посветеност кон европските реформи

 

Европската комисија (ЕК) не гледа проблем во т.н. албанска платформа што ја иницира премиерот на Албанија Еди Рама, давајќи им ја на партиите на Албанците во Македонија и која ги закочи преговорите за составување на нова Влада, јави дописникот на МИА од Брисел.

 

На прашање за реакција на ЕК за вмешувањето на премиер на соседна држава во внатрешно-политичките односи во Република Македонија со наметнување на решенија кои уште повеќе ја подгреаја политичката криза во земјата, портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич со одговор дека Комисијата „не шпекулира за составувањето на владата, туку очекува брзо формирање на истата“.

 

„Како што постојано говориме, ние не шпекулираме за составување на владата и програмата во ПЈР Македонија. Но, ние очекуваме, а тоа е случај од одржувањето на изборите, брзо формирање на нова влада, која ќе има широка политичка поддршка и која силно ќе биде посветена на европските реформи и на имплементирање на сите делови од договорот од Пржино и на Итните реформски приоритети. Ова е многу јасна позиција и ова е тоа што го очекуваме и кое со нетрпение го очекуваме“, изјави Коцијанчич./крај/мф/бс