МАКФАКС

Заев на средбата со Река: Очекуваме Груевски да го врати мандатот, СДСМ да формира Влада

Заев на средбата со Река: Очекуваме Груевски да го врати мандатот, СДСМ да формира Влада
25.01.2017, 15:35

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во средата оствари средба со албанскиот амбасадор Фатос Река, при што информираше за очекувањата на СДСМ за разврска на политичката криза во правец на демократските промени за коишто гласаа мнозинството граѓани на Македонија на 11-ти декември, како и за очекувањата за соработка со албанските партии, соопштуваат од СДСМ.

 

„Очекуваме на 29-ти декември Никола Груевски да го врати мандатот и дека СДСМ е партијата што ќе формира Влада во Република Македонија“, рече Заев.

 

Констатирано е дека на изборите во Македонија граѓаните застанаа зад концептот на заедништво наспроти концептот на поделби и дека е тоа голема придобивка за.Македонија, додаваат од партијата.

 

„СДСМ во Планот за живот се обврза за квалитетен живот на граѓаните, правда и правичност, еднаквост на граѓаните, во Македонија едно општество за сите граѓани. Нашата цел е да ги спроведеме сите потребни реформи согласно извештаите на Прибе и на Европската комисија и да овозможиме евро-атлантски перспективи и за Македонија и за нашите граѓани“, рече Заев на средбата со Река./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *