Заев на средбата со Јазбец: Ќе ја тргнеме секоја пречка за изговор од Иванов и Македонија ќе добие нова Влада

Заев на средбата со Јазбец: Ќе ја тргнеме секоја пречка за изговор од Иванов и Македонија ќе добие нова Влада

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во средата се сретна со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, со кого разговараа околу процесот на формирање нова Влада во Република Македонија, соопштуваат од СДСМ.

 

Заев го информираше амбасадорот Јазбец за обидите од страна на Иванов и Груевски за продлабочување на политичката криза во Македонија, како и за посветеноста на СДСМ за скорешна институцонална разврска на кризата.

 

„Ја објавивме Програмата на новата реформска Влада за унитарна, суверена Република Македонија, којашто ќе биде посветена на економијата, социјалната кохезија, владеењето на правото, што е интерес на сите граѓани. Планираме да ја тргнеме секоја пречка за изговор од Ѓорге Иванов околу доделувањето на мандатот. Во таа насока, очекувам, во следниот период во Собранието да биде избран новиот претседател на Парламентот кој ќе испрати допис до Иванов дека е формирано парламентарното мнозинство и дека почнува да тече уставниот рок од 10 дена за доделување на мандатот за формирање на новата Влада“, рече Заев.

 

Заеднички е констатирано дека е неопходно да продолжат демократските процеси во Македонија по кредибилните избори, во насока на силна посветеност на реформските процеси што обезбедуваат евро-атлантска перспектива на државата, а со тоа и квалитетен животен стандард за граѓаните и стабилност и безбедност на Република Македонија, додаваат од СДСМ./крај/мф/бс