МАКФАКС

Заев на средба со рускиот амбасадор Шчербак: Потребна е брза разврска на политичката криза

Заев на средба со рускиот амбасадор Шчербак: Потребна е брза разврска на политичката криза
07.02.2017, 15:34

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски во вторникот оствари средба со рускиот амбасадор Олег Шчербак, со кого разговараа околу потребата од брза разврска на политичката криза со цел Македонија што поскоро да добие Влада, којашто ќе се посвети на клучните прашања за граѓаните и развој на државата, соопштуваат од СДСМ.

 

„СДСМ работи на обезбедување парламентарно мнозинство со цел формирање стабилна Влада, којашто ќе зафати со сите потребни реформски процеси за да обезбеди добра иднина за граѓаните и за Македонија“, рече Заев.

 

Заев додаде дека СДСМ е определена кон решавање на сите прашања од интерес за граѓаните преку почитување на Уставот и законите, наспроти сегашната пракса на Ѓорге Иванов и на власта во заминување, поради коишто земјата стана хибриден режим.

 

„Демократските процеси во Македонија се почнати. На нив дадоа поддршка 612 илјади граѓани од сите етнички заедници кои го избраа концепот на заедништво и Македонија едно општество за сите. Само концептот на еднакви граѓани, правда, квалитетен живот за сите, силно ја гарантира унитарноста и добрата иднина на Македонија“, рече Заев.

 

На средбата беше посочено дека политичките субјекти во Македонија преку своите потписи на Договорот од Пржино ја изразија својата подготвеност за напредок на Македонија низ реформски процеси, тоа го потврдија мнозинството граѓани преку кредибилните избори и сега е потребно сите партии да ја покажат својата совесност и да го овозможат демократскиот развој на Македонија, заклучуваат од СДСМ./крај/мф/бс

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *