МАКФАКС

Иванов нема да оствари средба со еврокомесарот Хан

Иванов нема да оствари средба со еврокомесарот Хан
21.03.2017, 11:18

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, нема да оствари средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, информираат од Кабинетот на Претседателот. Од таму велат дека претседателот Иванов, кој вчера престојуваше во работна посета на Унгарија,  во Македонија ќе се врати доцна вечерва, при што нема можност за средба со еврокомесарот Хан.

 

Дека Иванов во својата агенда не планира средба со еврокомесарот Хан и со тројцата европратеници уште во петокот му било соопштено на амбасадарот Самуел Жбогар, велат од Кабинетот на шефот на државата.

 

Иванов своите ставови веќе му ги соопшти на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на нивната последната средба на 10-ти февруари 2017-та година и тие остануваат непроменети. Иванов јасно и недвосмислено порача дека нема да определи мандат, без претходна јавна осуда и отфрлање на платформата од Тирана.

 

Со оглед на тоа дека претседателот нема да оствари средба со еврокомесарот Хан, од Кабинетот велат дека претседателот Иванов предвидениот термин им го отстапува на претставниците од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои бараа средба со Хан. Добро е еврокомесарот да се запознае со аргументите и причините поради кои македонските граѓани протестираат повеќе од дваесетина дена, велат од Кабинетот на Иванов.

 

Иванов вчера престојуваше во работна посета на Унгарија, каде оствари средби со претседателот на Унгарија, со премиерот и со претседателот на унгарскиот Парламент./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *