МНР на Бугарија: Категорично го поддржуваме членство на Македонија во ЕУ и НАТО

МНР на Бугарија: Категорично го поддржуваме членство на Македонија во ЕУ и НАТО

 

Ситуацијата на Балканот традиционално е во фокусот на бројни медиумски настапи, а Бугарија има принципиелен и конзистентна политика за европска и евроатланска интеграција на сите земји од Западен Балкан, се вели во реакцијата на бугарското Министерството за надворешни работи во врска со изјавата на американскиот конгресмен Дејна Рорабакер, кој предложи територијата на  Македонија да биде поделена меѓу Бугарија и Косово, пренесува БГНЕС.

 

Американскиот конгресменот во интервју за албанската телевизија „Визион плус” се прогласи за промена на границите на Балканот и поделба на Македонија. „Создавањето на македонска држава пропадна и во моментов постојат сите услови таа да биде поделена меѓу нејзините соседи, вклучувајќи го и Косово и Бугарија”, рече тој.

 

„Според мене Македонија не е држава. Жалам, но таа не е држава. Кај нив има толку голема поделба и иднина тие нема да можат да живеат заедно. Поради оваа причина Косоварите и Албанците од Македонија треба да бидат дел од Косово, а остатокот од Македонија треба да биде дел од Бугарија или од некоја друга држава со која тие сметаат дека се поврзани. Кај нас постои идејата дека треба да се поддржува Македонија, бидејќи некој пред 30 години донел одлука за слична конфигурација по распадот на Југославија, но тоа не значи дека оваа идеја е валидна и денес “, додаде американскиот конгресмен./крај/мф/бс