МАКФАКС

Советот на министри на ЕУ ќе расправа за состојбата во Западен Балкан

Советот на министри на ЕУ ќе расправа за состојбата во Западен Балкан
06.03.2017, 09:36

 

Состојбите во земјите од Западниот Балкан ќе биде една од темите на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кој ќе се одржи во понеделник, а каде ќе се обрати и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерина, која ќе ги информира министрите за резултатите и разговорите од нејзината минатонеделна турнеја низ земјите од Западен Балкан.

 

Се очекува министрите да усвојат заклучоци, кои ќе бидат основа за подготовка на извештајот за Западен Балкан, што треба да биде донесен на Самитот на ЕУ што ќе се одржи во четврток и петок во Брисел.

 

„Се очекува министрите да го потврдат ангажманот и фокусот на ЕУ кога е во прашање регионот, вклучувјаќи го и одржувањето на политичките и економксите врски со него. Од тој аспект од клучно значење е развојот на регионалната соработка и добрососедските односи“, се додава во соопштението на Советот на ЕУ./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *