Туск следната недела во Македонија

Туск следната недела во Македонија

 

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, следната недела ќе ја посети Република Македонија, пренесува МИА. Повод за посетата на првиот човек на Евросоветот е мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и политичката состојба во македонската држава.

 

Посетата на Туск на Македонија ќе се случи во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, а како последица на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција и заканите за раскин на договорот за мигрантите. Најавите од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на приемот на мигранти, претставуваат голема закана за Европа и пред се за балканските држави, што е причина за аларм во ЕУ.

 

Ова ќе биде трета посета за две години на Доналд Туск на Македонија, а како и на претходните две гостувања, и овојпат домаќин на Туск во Скопје ќе биде Иванов./крај/мф