МАКФАКС

Франција повикува на почитување на Уставот и резултатите од изборите

Франција повикува на почитување на Уставот и резултатите од изборите
08.03.2017, 15:56

 

Франција со големо внимание ги следи најновите политички случувања во Скопје и повикува на почитување на Уставот, резултатите од парламентарните избори од 11-ти декември 2016-та година и демократските принципи, порачал францускиот државен секретар Арлем Дезир.

 

„Ние ја поддржуваме заложбата на Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини за излез од политичката криза, за време на нејзината неодамнешна посета на Република Македонија и апелираме за брзо формирање на влада која ќе ги спроведе реформите како предуслов за натамошно приближување на земјата кон Европа“, изјави Дезир.

 

„Франција ги повикува сите страни на воздржаност, чувство на одговорност и дијалог и да ја искажат својата посветеност кон регионалната стабилност“, порача францускиот дипломат./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *