МАКФАКС

Јолевски на состанок на министрите за одбрана и за внатрешни работи во Виена

Јолевски на состанок на министрите за одбрана и за внатрешни работи во Виена
07.02.2017, 13:58

 

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во среда ќе учествува и ќе се обрати на заедничкиот состанок на министрите за одбрана и министрите за внатрешни работи на Централно-европската одбранбена соработка и Салцбург Форумот, како и земјите од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Виена, Австрија.

 

Јолевски ќе се обрати пред присутните веднаш по обраќањата на домаќините, министрите за одбрана и за внатрешни работи на Австрија, Ханс Петер Доскозил и Волфганг Соботка, чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки и министерот за внатрешни работи на Унгарија, Сандор Пинтер.

 

Министерот ќе говори на тема „Здружено менаџирање на предизвиците од миграциите“. На заедничкиот состанок учество ќе земат министри и заменици министри за одбрана и внатрешни работи на 14 земји./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *