Контакт

Билтен

Интервју со словачкиот амбасадор Мартин Безак: Политичката криза започна внатре во Македонија, тука треба и да заврши

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Словачкото претседателство со ЕУ, политичката криза во Македонија, вербалните напади над странските амбасадорите во земјата и влијанието на Русија на Балканот беа дел од темите на кои Макфакс разговараше со словачкиот амбасадор во Македонија, Мартин Безак.

 

Разговараше Бојан Стојковски

 

Макфакс: Минатата година Словачка го имаше своето прво претседателство со ЕУ, во екот на пост Brexit состојбата и мигрантската криза, кои се искуствата кои ги доби Словачка од ова претседателство и дали беа исполнети очекувањата на земјата?

 

Безак: Претседавањето со Советот на ЕУ е голем предизвик, и секоја земја членка се соочува со овој предизвик еднаш во 14-15 години, тоа е доста ретка прилика и во нашиот случај, во втората половина на 2016-та година ова искуство беше мултиплицирано поради специфичните околности во кои се најде Унијата. Пред се тука се мисли на референдумот во Обединетото Кралство, но и останатите предизвици како тероризмот и миграцијата. Ние намерно за време на претседателството отворивме теми кои не ја поларизираат ЕУ, туку ја обединуваат и се обидовме по овие теми да постигнеме видливи резултати. Успеавме во тоа, и како најголем успех на словачкото претседателство го сметам т.н. Братиславскиот самит во формат ЕУ 27 септември минатата година, односно првиот самит на лидерите на ЕУ кој од 2009-та година се одржа надвор од Брисел. На самитот во Братислава започна и Братиславскиот процес, односно темелна анализа на состојбата внатре во ЕУ. Целта на темелната анализа, пак, не е за тоа дали сакаме повеќе или помалку Европа, односно поцврста или помека интеграција, туку да одговориме на предизвиците на моменталната состојба во Унијата, зошто опаѓа довербата во европските институции и дали ЕУ е во состојба на своите граѓани да им ги даде сите неопходни одговори.

 

За време на словачкото претседателство исто така дојде до операционализација на Европските гранична и крајбрежна служба односно трансформирање и зајакнување на агенцијата Фронтекс, што е значајно во контекст и на мигрантската криза и западен Балкан. За време на претседателството исто така дојде до ратификација во Европскиот парламент на Парискиот климатски договор. Од процесот на проширувањето на ЕУ, пак, успеавме да отвориме четири поглавја со Србија и две со Црна Гора , а исто така да побараме Европската комисија да даде свое мислење за кандидатурата на БиХ за членство.

 

Од практичните резултати пак, успеавме да го укинеме т.н. „геоблокинг“ во областа на интернет услугите. Сега независно каде се наоѓате во ЕУ, од било која држава членка да порачате одреден вид на товар и услуга без да бидете блокирани. Втората работа е тоа што од јуни ќе бидат укинати трошоците за телефонскиот роаминг помеѓу земјите членки на ЕУ. На крајот, успеавме дури и да го намалиме буџетот на претседателството, којшто беше проектиран во висина од 70 милиони евра, што воедно е и најмалиот буџет од Вишеградските држави (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија), но и тој успеавме да го намалиме и финалните трошоци беа 55 милиони евра.

 

Макфакс: Во поглед на мигрантската криза, Словачка и помогна многу на Македонија, особено преку испраќањето на полицајците кои патролираат со своите македонски колеги на границата со Грција. Очекувате ли ова да продолжи и во иднина и кои се останатите области во кои Македонија и Словачка имаат добра соработка?

 

Безак: Словачка досега испрати шест ротации од по 25 полициски службеници, односно од март минатата година досега тоа се 150 полицајци, со што перкапита тоа е најголем број од сите осум земји кои учестуваат во оваа операција. Исто така малку познато е тоа што кога во 2015-та мигрантите беа транспортирани со возови во Македонија од јужната кон северната граница, Словачките железници беа единствените кои на Македонските железници им изнајмија осум патнички вагони, и тогаш започна нашата конкретна соработка. Сега ја разгледуваме и можноста за техничко материјална помош за македонските полициски службеници. Нашиот пристап го одразува принципот на т.н. „ефективна солидарност“ на ЕУ кон нашите партнери во поглед на мигрантската криза, а тоа е принцип кој беше промовиран и низ призмата на нашето претседателство со ЕУ, бидејќи еден од приоретите беше и одржлива миграциска и политика за азил, бидејќи сметавме дека тоа што дотогаш беше направено не беше одржливо. Под ефективна солидарност се мисли на тоа секоја држава членка да придонесе на начин на којшто смета дека е најсоодветен. Ние го одбиваме пристапот на ЕУ за квотите, односно некоја бирократска одлука дека вие треба да примите толку бегалци, вашиот сосед толку, итн. Тоа во пракса не функционира, додека преку ефективната солидарност секој може да придонесе на најефикасен начин.

 

Макфакс: Покрај мигранската криза, Македонија во последните години се соочи и со голема политичка криза. Земјата се уште нема функционална влада, кои се вашите очекувања во овој поглед и дали ова би можело да се реши што поскоро, со што земјата би можела да го продолжи својот пат кон ЕУ и НАТО.

 

Безак: Се наоѓаме во доста чувствителна фаза од политичкиот процес во Македонија, сметам дека ситуацијата бара државнички пристап, наместо политички односно лични калкулации. Во интерес на Словачка, но и на целата ЕУ е што поскоро да се формира нова влада и да се започне со реформите на кои се обврза Македонија. Само на овој начин може да се врати довербата во институциите, и само преку суштинска, а не само декларативна имплементација на реформите државата ќе може да се врати на патот кон ЕУ.

 

Макфакс: Во последните неколку месеци беа направени доста споредби помеѓу состојбата во којашто е Македонија и во онаа во којашто беше Словачка во 90-тите години, додека премиер беше Владимир Мечијар, особено во поглед на евроинтеграциите. Дали гледате некакви паралели во овие состојби?

 

Безак:  Лично сметам дека успешната приказна на Словачка може и треба да биде инспирација и за Македонија. Како што на времето рече поранешната американската државна секретарка Медлин Олбрајт, од последната „црна дупка“ на политичката карта на Европа за релативно кратко време станавме почитувана земја членка на ЕУ, влеговме во еврозоната, станавме дел од НАТО, ОЕЦД итн. Секако дека има споредби помеѓу состојбата со Словачка во втората половина од 90-тите години и на состојбата во којашто се наоѓа Македонија сега, но тоа го оставам на граѓаните и на политичарите во Македонија.

 

Денес во Македонија важи она што важеше и пред изборите на 11-ти декември, тогаш одлуката беше на граѓаните, а сега одлуката е кај политичарите. Сопственикот на овој процес останува внатре во Македонија, а не надвор од неа. Една од темите којашто периодов постојано се споменува е и ангажманот на господинот Сорос во Македонија. Поранешниот премиер Мечијар, едно десетина години по својот политички пад изнесе теза дека Сорос наводно во 1998-та година во Словачка инвестирал околу 20 милиони долари за политички промени во земјата. Мојот личен став е дека доколку тоа е вистина, и доколку тогаш ова придонесе за Словачка побрзо да стане дел од ЕУ и НАТО, лично сум многу благодарен за секој еден цент од оваа сума. Во оваа смисла ми е симпатична тезата на претседателот на првиот парламент од независна Република Македонија, господинот Стојан Андов, кој преложи Фондација отворено општество Македонија да го објави списокот на примателите на финансиската помош во земјата во последните 25 години, при што можни се и изненадувања.

 

Макфакс: Во периодот по завршувањето на изборите одредени политички партии се обидоа вината за политичката криза да ја префрлат врз амбасадорите од земјите членки на ЕУ и меѓународната заедница. Сметате ли дека овие напади, кои создадоа големи непријатности за амбасадорите, се оправдани и колку тие ќе имаат влијание на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО?

 

Безак: Политичката криза започна внатре во Македонија и таа тука треба и да заврши. Вербалните напади над амбасадорите од одредени земји се исто така и напади над шефовите на овие држави како и овие земји како такви и сигурен сум дека овие информации беа пренесени до одредени престолнини. За три години од мојот мандат не сум бил сведок на такви напади кон мене а не гледам ниту причина за нешто такви бидејќи Словачка долгорочно и несебично ја поддржува Македонија. Тоа е нашиот принцип на две „А“ (assistance and advocacy) односно помош и заложување, помош во билатерална смисла преку тоа што го пренесуваме нашето искуство и даваме и финансиска помош, додека пак заложувањето го правиме преку призмата на нашето членство во ЕУ И НАТО во смисла на залагање за Македонија да постане дел од овие организации.

 

Макфакс: Кога станува збор за регионот, Словачка е една од петте земји членки на ЕУ кои го немаат признаено Косово. Очекувате ли промена во оваа политика?

 

Безак: Нашата одлука е поврзана со декларацијата од словачкиот Парламент во март 2007-та година. Тогаш нашиот Парламент изнесе мислење дека неограничената независност на Косово не е во интерес за стабилноста на регионот и дека сите можности за постигнување на договор околу статусот на Косово не беа доволно исцрпени. Додека оваа декларација од страна на Парламентот е на сила, ниту една наша Влада не може да го промени овој став. Од друга страна, пак, Словачка паралелно го поддржува реформскиот и евроинтеграцискиот процес на Косово, ги признаваме косовските пасоши, даваме финансиска и техничка развојна помош, доделуваме стипендии… Во поглед на иднината, пак, исто така ние не можеме да бидеме „поголеми Срби од Србите“, така што доколку Србија некогаш одлучи за промена на својот однос кон независноста на Косово, ние ќе ја следиме таа одлука.

 

Макфакс: Сметате ли дека сето она што се случува во Европа, како што е растот на популизмот и внатрешната консолидација на ЕУ, остава простор за останатите големи меѓународни играчи, како што е Русија, да наметнат свое влијание тука на Балканот но и пошироко низ Европа?

 

Безак: Балканот секогаш бил раскрсница на влијанија помеѓу Западот и Истокот, вклучувајќи ја Русија, но на пример и Турција. Русија секогаш била и ќе биде присутна на Балканот, јас ја одбивам „русофобијата“ бидејќи Русија во документите на ЕУ се уште е наведена како стратешки партнер со кого мора да се комуницира бидејќи Москва и Брисел имаат повеќе заеднички интереси. Оваа комуникација, дури доколку има и критичка конотација, е секогаш подобра отколку некомуникација, санкционирање и слично. Од друга страна сметам дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ, ова е взаемен интерес и на Унијата и на земјите од регионот и беше потврдено и во Солунската декларација од 2003-та година. Државите од регионот го направија својот избор, независно дали тоа и се допаѓа на Русија или не. крај/мф/бс

 

 

Билтен

Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, кажа Николовски од СДСМ

Објавено пред

За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства, изјави денеска на прес конференција Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ

dobivaj vesti na viber

Според Николовски, ова е резултата на енергетските политики што ги креира и рализира владата предводена од СДСМ.

„До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола. Создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце, а со тоа ја заштитуваме и животната средина.За нештата да станат појасни, ДПМНЕ до 2016 година инсталираше само 18 мега вати. Неспоредливо. Со инвестициите во енергетиката, новите проекти го зголемуваат домашното производство на енергија, се намалува увозот и ја зголемуваме енергетска независност на земјата. Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, а многу проекти се во тек на реализација“, вели Николовски.

Прикажи повеќе...

Билтен

WikiLeaks откри мрежа на CIA која овозможува да се прикријат хакирањата

Објавено пред

Организацијата чијашто цел е разобличување на тајни документи на светските влади објави нови материјали кои протекле од американската Централна разузнавачка агенција (CIA), во кои се наведува дека е откриена мрежа на агенцијата којашто овозможува да се прикријат кибернетичките напади.

dobivaj vesti na viber

Документите објавени под насловот „Marble“ од серијата „Vault 7“, кодното име за најголемото според обемот истекување на документи на CIA, укажуваат на постоење тајна мрежа којашто ѝ овозможувала на агенцијата да ја сокрие својата вмешаност во извршени кибернетички напади, се наведува во соопштението објавено на страницата на WikiLeaks.

Публикацијата содржи 676 фајлови од изворниот код на тајната мрежа Marble. Според наведените информации, програмата којашто ја користеле соработниците на CIA во 2016 година, овозможувала да се „збунуваат“ текстуалните делови од кодот за штетните програми на CIA, така што истражителите или креаторите на анти-вирусна програма не можеле да ја откријат поврзаноста на американската разузнавачка служба со вирусите, „тројанците“ и хакерските напади.

Мрежата Marble бил достапна на кинески, руски, корејски, арапски јазик како и на фарси, што уште повеќе ја усложнувало работата на судските експерти за утврдување на изворот одговорен за дадениот кибернетички напад.

Се наведува дека Marble била користена само за збунување и прикривање на кодот, и оти самата посебе не содржела штетни елементи кои ја загрозуваат работата на софтверот./крај/мф/сн

Прикажи повеќе...

Анализи

Тирана продава старо оружје преку контроверзен бугарски посредник

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во 2015 година, албанскиот државен трговец за оружје MEICO продава 17.5 милиони куршуми произведени во Кина, 350 минофрлачи и 40 000 гранати на “Алгенс” ДООЕЛ, бугарска фирма, кој работела на програмата за обука и вооружување на умерените бунтовници во Сирија, се посочува во анализата која ја пренесува dnevnik.bg

 

Компанијата е поврзана со фаталната експлозија на полигонот во Анево во јуни 2015 година, која го однесе еден животот на снабдувач на оружје на Пентагон, кој го тестирал оружјето, наменето за Сирија.

 

Сопственикот на “Алгенс” ДООЕЛ е бизнисменот Александар Димитров, поранешен бизнис партнер на познатата фигура од криминалниот свет Бојан Петракиев-Барон.

 

Тајните документи за извоз на оружје, со кои Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, располага, откриваат податоците за албанските зделки, чија вредност надминува еден милион евра.

 

Тие покажуваат како застарено оружје и муниција произведени во Кина и Албанија, се извезуваат за Бугарија, во рамките на четири извозни лиценци потпишани во 2015 година, а се меѓу албанската Воена компанија за увоз и извоз, MEICO, и “Алгенс”

 

Во исто време “Алгенс” е најмена како поддоставувач на Командата за специјални операции на САД, SOCOM, како дел од нејзините обиди да ги вооружи и обучи сириски бунтовници, кои се борат против Исламската држава.

Според експерти малку веројатно дека оружјето било наменето за  Бугарија односно да таа била крајната дестинација за опремата. Но, според староста на оружјето тоа не е така, бидејќи Бугарија има релативно модернизирана армија и е дел од НАТО.

 

Односот на “Алгенс” кон смртоносната експлозија

 

Учеството на “Алгенс” во американската програма за Сирија беше откриена во јуни 2015 година, кога 41-годишниот поранешен американски војник, Френсис Норвило загина при експлозија на граната, која се случи на полигонот во Анево, кој е во сопственост на државниот Арсенал и производител ВМЗ – Сопот.

 

Пораки и договори, откриени од BIRN, по тужбата покрената во САД, како и извори во Бугарија, откриваат нови детали околу инцидентот.

 

Одговорноста на “Алгенс” за експлозијата е жестоко оспорувана, но нема сомнеж дека компанијата имала централна улога во организацијата на обуки на полигонот.

 

Норвило и повредениот колега Мајкл Доерти се најмени од Пентагон, а договор е вреден 28 милиони долари и има за цел да ги обучуваат сириски бунтовници да се справат со различни оружја од советски тип.

 

Тие патуваат во Белорусија и потоа во Бугарија, за да го тестираат оружјето  кое подоцна треба да биде испратено во тренинг кампот во Јордан, покажуваат документите од тужбаат поднесена во Флорида од вдовицата на Норвило и Доерти.

 

Во судските документи од процесот воден против трите американски компании поврзани со инцидентот – Purple Shovel, Skybridge Tactical и Regulus Global – се тврди дека дефектна граната стара над 30 години, со бугарско потекло била отфрлена како опасна од Пентагон, кој пак  барал извори на муниција за сириските бунтовници.

 

По трагедијата бугарските власти го посочуваат “Алгенс” како компанија која на полигонот ги вработува американските војници и обезбедува дефектна граната. Министерство за економија и наметнува на фирмата санкција во износ од 125 000 лева, поради немање на дозвола која треба да ја издаде Министерството, а е наменета за спроведување на тренинг, поточно конкретно за активностите посолени во фаталниот ден.

 

“Алгенс”, која ги негира обвинувањата,  успешно ги обжали санкциите во Пловдивскиот административен суд.

 

Во својата одлука, Судот посочува дека министерството, направило значителни административни прекршоци и не успеало да докаже дека “Алгенс” всушност го најмил полигонот на денот на инцидентот.

 

Во писмена изјава Purple Shovel, главниот договарач на Пентагон во рамките на сириската програма, објаснува за BIRN дека “Алгенс” е вовлечена во проектот од еден од поддоставчите меѓу кои и – Regulus Global – со заложба да организира обуки и да обезбеди муниција. Компанијата, сепак, додава дека инцидентот се случил во рамките на “забавно пукање” откако наводно официјалното учење веќе било завршено.

 

BIRN располага со програмата на обуката, која всушност покажува дека “Алгенс” го најмила полигонот за фаталниот ден петок, 5 јуни. Програмата открива уште дека во обуката учествувале вработени на бугарските производители на оружје ВМЗ – Сопот, и Аркус – Лјасковец, ангажирани од Американците да работат со различни оружје и муниција од советски тип.

 

Меѓу нив е и дефектниот минофрлач Ог-7, кој ја предизвикал смртоносната експлозија. Документите во случајот што се води во САД, откриваат како компанијата Skybridge Tactical, ги најмиле Норвило и Доерти,  а пред судот тврдат дека експлозијата се случила во рамките на официјална обука и како резултат на тоа дека засегнатите страни требало да бидат компензирани од страна на американската влада.

 

Regulus Global отфрла овие обвинувања како неодржливи.

 

Инцидентот не е единствениот судир на “Алгънс” со законот. Во 2015 година РИОСВ – Стара Загора, ја казнува фирмата, бидејќи не поднела известување до еколошкото министерството за складирање на експлозивни материи во Производствениот-магацин “Бршен” во градот Сливен. Потоа Сливенскиот Окружниот суд ја намалува казната на 2000 лева.

 

Финална дестинација на албанското оружје – “Блискиот Исток или Африка”

 

Војните на Блискиот Исток стануваат причина за невиден прилив на оружје и муниција од Балканот, а во сето ова Бугарија игра важна улога како  извор на оружје, така и на центар за договори за оружје.

 

Запрашан за коментар во врска информациите поврзани со “Алгънс” и препродавањето на старото албански воено оружје, Патрик Веземан од Стокхолмскиот International Peace Research Institute, водечки извор на информации за оружената трговија, посочи дека е премногу малку веројатно дека Бугарија била крајната дестинација на муницијата, затоа што мора да се има предвид нивната возраст.

 

Според него, најверојатно опремата  поминала во Сирија, Јемен или Африка.

 

“Има неколку можни сценарија”, објасни Веземан. “Едниот е дека тоа оди во Сирија или Јемен. Друго  е дека корумпираните државни службеници во Африка  го откупуваат како дел од криминална шема. Оружјето од вишоците се пласира во Африка, како дел од официјалниот извоз, иако често има сомневања за корупција”.

 

Командата за специјални операции на САД не одговори директно на прашањата ни дали тоа е откупена кинеска муниција од Албанија за потребите на сириската програма, туку само посочи дека новинарите треба да “зборуваат со” Алгенс “за активностите”.

 

“Алгенс” одби да објасни што се случило со военото опрема, откако пристигнало во Бугарија.

Purple Shovel , во писмена изјава за BIRN вели дека компанијата не е купува кинеското оружје и дека “никогаш не е направила бизнис договор директно со” Алгенс “.

 

Тирана има контроверзна историја за извоз на оружје од големите резерви од кинеска муниција, која потекнува од 60-тите и 70-тите години од минатиот век, кога Пекинг беше главен воен партнер на албанскиот комунистички режим.

 

Во 2007 година трговецот на оружје AEY со седиште во Флорида продаде милиони застарени куршуми на кинеско производство на Пентагон за војната во Авганистан. Муниција претходно беше репакувана во картонски кутии, за да изгледа дека се произведени во Албанија, за да може да се заобиколи САД од каде имаше забрана за купување на муниција од Кина.

Сопственикот на фирмата Ефраим Дивероли доби 4-годишна затворска казна за измама направена во 2011 година

 

Во 2011 година 800. 000 кинески гранати кои Албанија требаше да ги достави на Обединетите Арапски Емирати, нелегално беа пренасочени и паѓаат во рацете на бунтовниците во Либија.

 

Албанското Министерство за одбрана изјави дека “Алгенс” обезбедила коректни документи за експорт на оружјето за Бугарија и дека тоа проверило дека фирмата “не е вовлечена во криминални активности”. Министерството, додаде дека за повторен извоз на муниција се бара негова согласност, макар и да е докажано дека често оваа клаузула не се почитува.

 

Изгледа дека врските на “Алгенс” со Албанија го надминуваат откупот на старо оружје. Во 2016 година компанијата се обиде да купи фабрика за оружје од комунистичко време, која се наоѓа во малото албанско село Поличан. Во писмена изјава  “Алгенс” за BIRN  се вели дека таа се откажала од својата намера.

 

Врски со организираниот криминал

 

Сопственикот на “Алгенс” Александар Димитров е поранешен бизнис партнер на добро познатата фигура од бугарскиот организиран криминал Бојан Петракиев Борисов, попознат како Варон. Референца во Трговскиот регистар покажува дека Димитров го основал “Алгенс” ДООЕЛ во 2009 година, со главна дејност трговија со оружје.

 

Во 2004 година Димитров и Петракиев формираат компанијата за трговија со остатоци SIB Metal. Димитров за BIRN, писмено посочил дека фирмата е запрена уште во фаза на регистрација и дека оттогаш не се видел со Петракиев.

 

Во својот извештај Центарот за полициски студии на МВР го одредува Петракиев како пример за “препознатлива фигура во криминално свет”. Документот, објавен во 2010 година, наведува дека Петракиев е осудуван десет пати и има други осум дела за широк спектар на злосторства, меѓу кои кражба на автомобили, хулиганство, нелегално поседување на оружје и дрога и учество во организирана криминална група.

 

Во 2009 година тој е осуден за водење на организирана криминална група за изработка на кредитни картички, која оперира во 8 земји, се вели во извештајот. Во 2012 година повторно е осуден – за водење на нелегално казино.

 

Истрагата е спроведена од BIRN заедно со Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал, како дел од проектот Paper Trail to Better Governance.крај /мф/кс

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија7 минути

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција за втори април најави протест кој ќе започне од пред седиштето на...

Топ1 час

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 час

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 час

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија4 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет5 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет5 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија5 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион5 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет5 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет5 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија20 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија21 час

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија23 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија24 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...