Надворешна политика
Каракачанов: Македонија не смее да попушти пред притисокот за двојазичност
„ВМРО-БНД со загриженост ги следи процесите во Македонија од изминатите денови, и не треба да се прават компромиси и да се дозволи албанскиот како втор службен јазик. Доколку Македонија сега попушти пред притисокот, утре може да дојде и до фактички распад на државата“, порачуваат од бугарската партија ВМРО-БНД.
„Ние сакаме нашите сонародници во Република Македонија, од кои многумина се и бугарски државјани, да живеат во мир и да се сигурни за иднината на своите деца и нема да дозволиме да бидат подложени на агресија и опасност“, објаснува лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.
„ВМРО-БНД секогаш се залагала за независна Македонија, додека Киро Глигоров настојуваше за послаба конфедерација на поранешните југословенски држави, а не за суверена земја“, додава Каракачанов.
„Бугарија беше првата земја која ја призна нејзината независност, затоа и изрази целосна поддршка на нашите браќа за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“, додава лидерот на ВМРО-БНД.
„Безбедноста и спокојството на нашите сонародници кои живеат во Македонија, е национален приоритет на Бугарија и за ВМРО-БНД, која е еден од водечките фактори на политичкиот живот на земјата. Играњето на картата за дестабилизирање на Македонија е опасна игра во која ние нема да се однесуваме како незагрижени“, објаснува Каракачанов.
„Категорично се противиме на идеите за двојазичност, федерализација и кантонизација на Македонија. Во Европа и во развиениот свет не постои поимот ‘колективни права’. Во основата на земјите и државноста се индивидуалните човекови права. Ставањето на табли на албански јазик на места каде што живеат наши браќа, е демонстрација на нешто друго, но не и на човековите права“, порачува Каракачанов.
„Бугарите секогаш го почитувале и ќе го почитуваат секој човек, но кога тој некој ќе си дозволи да си игра со судбината на Македонија, секогаш ќе се сретне со нашата бескомпромисност“, изјави Каракачанов.
„Македонија не смее да потклекне пред притисокот. Ние сме со неа и ќе ја поддржиме нејзината иднина како држававо која луѓето со различна самосвест живеат заедно, обединети и сложно. Иднината е во обединување, а не во поделбата“, вели лидерот на ВМРО-БНД, додавајќи дека во оваа прилика тој „на сите Бугари од двете страни од границата им го честита националниот празник на Бугарија“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.