Надворешна политика
Ховит: Меѓународната проценка околу кредибилноста на изборите останува
Меѓународната проценка околу кредибилноста на изборите останува, порача британскиот европратеник Ричард Ховит во колумна за EurActiv.
„Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ јавно тврди дека нивниот договор за одложување на изборите се базира на специфични уверувања од страна на ЕУ и САД дека нема да има дополнителна проценка на кредибилноста на изборите во пресрет на новиот изборен датума и дека понатамошните реформи во медиумите и меѓупартиски разговори може да бидат одложени за после изборите. Но изјавата дадена од страна на ЕУ и САД говори за нешто друго: Ја поздравуваме одлуката за поместување на изборите на 5-ти јуни. Доколку сите работат напорно и играат според правилата, не гледаме причина зошто не може да има кредибилни избори“, пишува Ховит во својата колумна.
Британскиот европратеник додава дека со ваквата изјава се уште се остава простор за меѓународната проценка за кредибилноста на изборите, правејќи ја истата врз основа на дејствата превземени од партиите. Ховит додава дека американскиот амбасадор на Џеј Бејли потоа на прес конференција додал дека „медиумските реформи остануваат дел од изборниот процес“.
„Тврдењата за `специфични уверувања` не беа дадени и секако дека европратениците не би биле страната која што би го направила тоа“, додава Ховит. Според него, медијаторите биле јасни во тоа дека жалат бидејќи била пропуштена можноста да се најде консензус помеѓу сите партии, но дека помогнале во тоа да се идентификуваат критичните проблеми, што може да биде основа за постигнување на конечен договор за кредибилни избори.
„Потенцирањето на зборот `кредибилни` од страна на меѓународната заедница односно двете страни од Атлантикот и сите страви во Европскиот парламент, испраќа јасна и силна порака. Во прашање не е само изборниот процес туку целата политика на земјата. При сето ова, тој што најмногу страда е народот на оваа мала но убава земја, каде многумина живеат во сиромаштија. Постои и ризик кој би можел да ги врати меѓуетничките судири, што би можело да ја загрози стабилноста на ПЈР Македонија. Нажалост, не успеавме да го прекинеме растечкиот политички конфликт, кој во земјата трае веќе предолго. За нас во Европската унија, не постои друга алтернатива освен да одржиме трпелива дипломатија со земјата и политичките партии, со надеж дека ќе обезбедиме напредок. За да бидеме успешни, нашите пријатели во Скопје треба да сфатат дека за нив освен Европа нема друга алтернатива“, заклучува британскиот европарламентарец./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.