Надворешна политика
Иванов: АРМ ќе ѝ помага на полицијата во справување со мигрантите
Армијата на Република Македонија ќе биде ангажирана да и помогне на полицијата во справувањето со напливот од мигранти, а во однос на локациите, таа би била ангажирана на јужната и северната граница, како и по должината на Коридорот 10 каде најчесто транзитираат мигрантите, најави претседателот Ѓорге Иванов во четвртокот во Гевгелија каде беше во посета на јужната гранична линија на земјата.
Армијата на Република Македонија ќе биде ангажирана да и помогне на полицијата во справувањето со напливот од мигранти, а во однос на локациите, таа би била ангажирана на јужната и северната граница, како и по должината на Коридорот 10 каде најчесто транзитираат мигрантите, најави претседателот Ѓорге Иванов во четвртокот во Гевгелија каде беше во посета на јужната гранична линија на земјата.
Иванов од страна на надлежните припадници на Министерството за внатрешни работи беше информиран за преземените активности и мерки, како и за севкупната состојба на терен. Тој нагласи дека Македонија како држава сочуствува со судбината на овие луѓе кои состојбите во нивните земји ги натерале да ги напуштат домовите.
„Од промените кои ги имавме на Законот за азил досега евидентирани се преку 14 илјади мигранти. Неопходно ќе биде на полицијата да и се излезе во пресрет, бидејќи има потреба од дополнителни ангажмани со оглед дека во овој дел станува збор за околу 50 километри гранична линија каде што претежно бегалците доаѓаат од Грција во Македонија. Јас како претседател и Владата мора да преземеме активности за ангажирање на Армијата да и помогне на полицијата во справување со овие предизвици. Армијата ќе биде ангажирана да го обезбеди овој дел од границата што го спомнав од околу 50 километри на јужниот дел, но и да се обезбеди северниот дел кај Табановце. Исто така, треба да се помогне на полицијата во обезбедување на Коридорот 10 преку кој транзитираат сите бегалци“, изјави Иванов, додавајќи дека сите мерки што ги преземаат македонските власти се во согласност со мерките што ги презема ЕУ.
„Како држава ќе ги следиме сите мерки и активности што ги преземаат членките на ЕУ и нашите активности ќе соодејствуваат со нивните активности. Така што се што ќе биде од нивна страна преземено мора ние да го преземеме, бидејќи во последно време има закани од насилен екстремизам и радикализам од Блискот Исток и од северна Африка. Кога станува збор за националната безбедност ние како држава мораме да ги преземе сите мерки и активности кои би превенирале несакани дејствија“, додаде македонскиот претседател.
Иванов во четвртокот го посети граничниот премин Богородица, пунктот на МВР лоциран на железничката станица во Гевгелија каде се издаваат потврди за искажување намера за барање азил, како и нелегален премин на границата со Грција кој најчесто го користат мигрантите за влез во Македонија.
Според последната евиденција на МВР од примената на измените на Законот за азил од 19 јуни заклучно до денешниот ден, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 14.311 странски државјани. Од нив според државјанство најборни се државјаните на Сирија (10.336), следат од Авганистан (1.182) и Ирак (761)./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.