Надворешна политика
Нуланд: Што поскоро надминување за политичката криза за фокусирање кон евроатланските интеграции
САД веќе 20 години е пријател и партнер на Македонија и ги поддржува нејзините евроатлански аспирации, но она што е потребно во овој момент е надминување на политичката криза за враќање на патот кој ќе ја донесе земјата до евроатланските институции, порача во понеделникот американскиот помошник заменик државен секретар Викторија Нуланд, по средбата со премиерот Никола Груевски во Скопје.
САД е пријател и партнер на Македонија веќе 20 години и исто толку време поддржуваме и охрабруваме, без разлика на тоа кој е на власт, една обединета, силна, демократска и интегрирана во евроатланското семејство Македонија, тоа е нашата стратешка цел за оваа земја и тоа не прави силни партнери. Политичката криза направи потешкотии за лидерите да се фокусираат на тие цели и затоа мора да се надмине, сега е времето да се заврши оваа криза. САД се задоволни што работат заедно со ЕУ и еврокомеасрот Хан за да ги доближат партиите до еден пакет на разбирања кои ќе и дозволат на Македонија да се врати на патот кон евроатланските интеграции, растот, владеење на правото, слобода на медиумите и сите останати работи кои се важни“, порача Нуланд.
Таа додаде дека САД силно го поддржува договорот од 2-ри јуни и дека има уште неколку прашања коишто треба да се решат, а во таа насока ќе бидат и разговорите кои во вторник ќе ги има еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан со политичките лидери во земјата.
„Разговарав со сите клучни политички чинители околу тоа како да се надминат разликите и да се постигне овој договор, со што земјата може да оди напред кон работата во сферите на судството, медиумите, потоа да се адресираат сите грижи во изборниот процес и тоа ќе ни дозволи да се вратиме кон поддржувањето на аспирациите за членството во НАТО, а за тоа ќе бидат потребни сложени преговори со новата влада во Грција по прашањето за името, под посредство на медијаторот Нимиц. Ние сме подготвени да го понудиме нашето силно посредништво за добро решение, штом сите ќе бидат подготвени да се постигне договор и да се реши политичката криза“, смета американскиот помошник заменик државен секретар.
Евроатланските вредности остануваат силна водилка за решавањето на актуелната политичка криза, порача пак, премиерот Груевски.
„Разговаравме и за актуелната внатрешнополитичка состојба, евроатланските вредности ни се водилка за решавањето на тековните политички премрежја, чие решение единствено е можно како правен, институционален и политички процес, во согласност со уставниот поредок и воспоставените начелна на демократија и владеењето на правото“, изјави Груевски.
Премиерот додаде дека Македонија има за цел што поскоро да стане дел од НАТО Алијансата и да ги започне пристапните преговори со ЕУ.
„Разговаравме за нашата стратешка определба, за што е можно поскоро зачленување во НАТО и што е можно поскоро отпочнување на преговорите со ЕУ. Во светло на наредниот самит на Алијансата во Варшава, исполнетоста на критериумите за членство и учеството во припадниците на АРМ во повеќе мировни мсиии ни даваат целосно право за да инсистираме за надминување на сите пречки за нешто зачленување. Грчко-македонските разговори за надминување на разликите околу името треба да продолжат, потребен е конструктивен пристап кон ефикасно решавање на наметнатите разлики со добра волја и желба за успех, во согласност со демократските принципи и меѓународното право. Неодамна договорените билатерални мерки за јакнење на довербата се добар чекор“, заклучи Груевски. /крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.