Апелација потврди – притворот за Кочан останува

Апелација потврди – притворот за Кочан останува

Апелациониот суд во Скопје, по одржаната јавна седница во четврток, одлучи да остане притворот за Сеад Кочан, првоосомничениот во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во соопштението на Апелациониот суд е наведено дека решението на Кривичниот совет на Основниот Суд Скопје 1 со кое против осомничениот е определена мерка притвор е потврдено по однос на околноста опасност од бегство.

Судот делумно ја уважи жалбата на одбраната на Кочан.

Претходно одлуката за притвор беше определена по три основи, но сега со решението на Апелациониот суд, се определува само по една точка, а тоа е опасност од бегство.

Инаку Кочан седми ден е недостапен за полицијата, откако по него е распишана меѓународна потерница. /крај/со/мф