МАКФАКС

Двајца пациенти починале во дефектно возило на итна помош

Двајца пациенти починале во дефектно возило на итна помош
13.03.2017, 18:01

Двајца пациенти од Крива Паланка починале во амбулантно возило што возело кон Скопје, а на кое му откажале сопирачките.

Во возилото се наоѓале еден 40 годишен маж кој се жалел на болки, а кому пред две недели му бил трансплантиран бубрег, како и еден 80 годишник, со симптоми на гушење.

Директорот на Здравствениот дом во Крива Паланка, од каде пациентите биле испратени кон Куманово, односно Скопје, во понеделник го потврди случајот.

„Во болница Куманово од самиот преглед на стручен доктор констарирал дека луѓето се во таква состојба што тешко дека некој ќе им помогне, веднаш на излезот од Куманово едниот пациент умира. Екипата продолжува со надеж да се спаси вториот пациент, но некаде кај рафинеријата откажуваат кочниците на возилото. Возачот полека стигнува до наплатната рампа Бунарџик. Контактираат со екипите на Брзата помош од Скопје и Куманово, но кога стигнала екипата од Скопје констатирала смрт и на вториот пациент“, рече Јоско Стефановски, директор на здраствен дом Крива Паланка.

Од МВР велат дека случајот кај нив не е пријавен. /крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *