МАКФАКС

Лутфиу: Да продолжиме да ги воспитуваме нашите млади во духот на мултикултурализам

Лутфиу: Да продолжиме да ги воспитуваме нашите млади во духот на мултикултурализам
15.03.2017, 14:48

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу учествуваше на завршниот настан на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Реформите во образованието што ги спроведува Министерството за образование и наука веќе подолг период, се насочени и кон унапредување и усвојување на концептот за меѓуетничка интеграција.

„Сигурен сум дека сите ние, овде присутни, веруваме во моќта на образованието и во каков дух ги воспитуваме младите генерации. За високи постигања се потребни мотивација и упорност. За да се мотивираат и поддржат учениците да работат упорно и да ги негуваат мултикултурните вредности, и самите наставници треба да се мотивирани и да работат за нивните ученици да постигнат максимални резултати. Веруваме дека наставниците и родителите може значително да придонесат за подобра животна перспектива и затоа во реформите на образованието нивната улога е клучна”, истакна министерот Лутфиу.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) беше петгодишна иницијатива вредна 6,2 милиони долари, како поддршка на напорите на Владата на Македонија во процесот на етничка интеграција. Со оваа програма се зголемува свеста и се обезбедија обуки за разновидност, техничка помош и стимул за училишните одбори, директорите, наставниците и претставниците на администрацијата, како поддршка на меѓуетничката интеграција во образованието.

“Ви посакувам понатамошни успеси и ве повикувам да продолжите да ги воспитувате нашите млади граѓани во духот на мултикултурализам и почитување на различностите”, рече министерот Лутфиу. /крај/со/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *