ОБСЕ: Потребен е ангажман во врска со судската независност и непристрасност, како и со ефикасноста

ОБСЕ: Потребен е ангажман во врска со судската независност и непристрасност, како и со ефикасноста

Независно и ефикасно судство во заштита на правата и слободите на граѓаните беше темата на конференцијата организирана од Мисијата на ОБСЕ и Здружението на судии на 31 март 2017 година, по повод Денот на судството.

Околу 100 судии и високи судски претставници разменија мислења за важната улога на судството како гарант на владеењето на правото и основните права на граѓаните.

“Нашата мисија најде добри партнери во судството. Заедно реализиравме многу проекти од големо значење во насока на зајакнување на институциите во земјата,” рече шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен.

Таа додаде дека се потребни дополнителни напори.

„Постојат уште многу предизвици, особено во врска со судската независност и непристрасност, како и со ефикасноста на судовите. Се надевам дека сите релевантни институции ќе ги засилат своите напори за да се соочат со предизвиците”, рече Суомалаинен.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет, чија амбасада финансиски ги поддржа претходните настани во Штип, Битола и Скопје, кои претходеа на денешниот завршен настан, рече дека владеењето на правото и концептите што ги штити, се централни во политичката дебата денес.

„Тие се централни за договорот од Пржино и за барањето одржлив излез од политичката криза. Во сите демократии, владеењето на правото е камен темелник на кои се базира слободата, праведноста, почитувањето, благосостојбата, сето она што навистина ни е потребно. Кога сè што правиме е изграденo врз тие темели, општеството ќе биде посилно, за граѓаните денес, како и за идните генерации”, рече Гарет.

Според судијата во Врховниот суд и претседател на Здружението на судии, Џемали Саити, идејата за проектот ’Денови на судството’ потекнува од потребата да се афирмира ставот на судиите за судската непристрасност и независност.

„Преку овој проект, ја гледаме и перцепцијата за довербата во судството”, истакна Саити. /крај/со/ст