Општество
Шарено со боја стана и седиштето на ДИК
Протестите од ткн. Шарена револуција, во среда освен во Скопје се одржа и во повеќе други градови, а демонстрантите, во Скопје, фрлаа балони со боја врз зградата каде се сместени канцелариите на Државната изборна комисија (ДИК). Истовремено, во девет градови, се одржуваа протести и на граѓанско здружение ГДОМ.
Со знамиња и свирежи, тие традиционално протестот го започнаа пред Специјалното јавно обвинителство. Оттаму под транспарентот „Државен изборен криминал – #протестирам“ колоната го продолжи маршот кон Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, поминаа и покрај Собранието и Агенцијата за медиуми за да завршат пред Државната изборна Комисија.
Објектите беа под засилено полициско обезбедување, а дел од демонстрантите ги замолија полицајците да ги спуштат штитовите и да се приклучат на протестите.
Со цел да се заштитат полицајците од боја, демонстрантите понудија заштитни наметки за кордонот пред ДИК, но откако полицијата ги одби, дел од бојата заврши врз нивните штитови.
Балони со различна боја летаа кон зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“ каде што е сместена Државната изборна комисија, а демонстрантите од Шарената револуција се собраа пред ДИК оти на полноќ истече рокот во кој партиите требаше да ги поднесат стите со кандидати за избирачките одбори.
Во исто време се пуштаа и снимки од прислушуваните разговори од бомбите на опозицијата за изборните измами.
„Овде сме собрани за да и покажеме на Државната изборна комисија дека нема да дозволиме избори без прочистен избирачки список“, рекоа организаторите од „Протестирам“. Сметаат дека списокот не може да се прогласи за прочистен затоа што 300.000 лица од него се со сомнителни записи и дека од предвидените 80.000 лица за теренска проверка, 40.000 не биле најдени дома.
Демонстрантите пишуваа пораки на асфалтот пред зградата, извикуваа „Нема правда, нема мир“. Со ласери светеа кон канцелариите на комисијата каде што од прозоците ѕиркаа неколку жени.
На вчерашниот протест во Скопје му се придружи и поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере. Тој им се приклучи на демонстрантите пред зградата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
„Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата“, рече Фуере.
Според него одлуката за аболција Иванов мора да ја повлече со цел да се обезбеди непречена работа на Специјалното обвинителство.
Во моментот додека тој даваше изјава, пред СЈО се појави и специјалната обвинителка Катица Јанева, која бурно беше поздравена од насобраните граѓани, а таа се насмевна и влезе во зградата каде што привремено е сместен нејзиниот тим.
Освен Фуере, поддршка на граѓанските протести дадоа и функционери од опозициската СДСМ,д одека на протестот можеа да се забележат граѓани од најразлична возраст.
Во среда првпат се протестираше во Делчево, а демонстранти се собраа и во Штип, Велес, Прилеп, Тетово, Битола, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Крива Паланка и Облешево.
Во среда протестираа и членовите и поддржувачите на невладиното здружение ГДОМ. Тие организираа протести со барање за избори на 5 јуни во Битола, Штип, Делчево, Тетово и Велес, а во Прилеп за малку бил избегнат инцидент меѓу двете групи демонстранти./крај/мф/бб
Извор: SDK
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.