МАКФАКС

Средношколците заинтересирани за студирање на ФЕИТ

Средношколците заинтересирани за студирање на ФЕИТ
11.08.2015, 16:03

Голем интерес за запишување нови студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии во првиот уписен рок во академската 2015/2016 година.

Годинава, за ФЕИТ се предвидени 600 слободни места за упис на нови студенти, од кои 460 редовни студенти во државна квота и 140 редовни студенти со кофинансирање. „Согласно бројот на пријавени кандидати, преку on line апликацијата, на два дена пред уписите на нови студенти, интересот за запишување на ФЕИТ е исклучително голем. Бројот на пријавени кандидати, до овој момент, е поголем во однос на минатите години. И квалитетот на пријавени кандидати е висок, затоа што во над 80 проценти, тие имаат по повеќе од 90 поени. Со ова, како високо-образовна институција успеваме да ги добиеме најквалитетните кандидати од средношколските клупи и да го одржиме квалитетот на образование. Согласно одобрената квота, ќе ги запишеме сите заинтересирани кандидати“, рече деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Миле Станковски на средбата со медиумите.Освен електронското пријавување, секој кандидат, во четврток и петок (13 и 14 август 2015, во рамки на првиот уписен рок,) треба и лично да ги донесе документите на ФЕИТ.„Во Македонија, но и во светски рамки, тренд е да се зголемува бројот на студенти на техничките науки. Ваквата тенденција, пред се, е предизвикана од зголемената можност за вработување, како и од заложбата на Факултетот и на Владата, да се зголеми бројот на инженери. Дека сме квалитетна високо-образовна институција потврдува и фактот што интерес за запишување на ФЕИТ постои и кај странски студенти, иако уписот за странци е регулиран и се спроведува преку Универзитетот“, вели Станковски.Деканот Станковски очекува ФЕИТ да ја потполни државната квота со високо-квалитетни кандидати.„Кога ќе дојдат најдобрите средношколци на нашиот факултет, ние ја преземаме одговорноста за нивната иднина и им обезбедуваме највисок степен на образование. Затоа, на ФЕИТ се грижиме за квалитетот на образованието, дури и по цена да изгубиме одреден број  студенти. Сепак, таа бројка континуирано расте“, рече Станковски.Според продеканот за настава, проф. д-р Христина Спасевска, вообичаено е освен  теоретската настава, студентите на ФЕИТ да имаат и практична настава во лабораториите на Факултетот или во некоја компанија.„Имаме договори за соработка со стотина компании во Македонија, каде нашите студенти извршуваат пракса, но и се вработуваат како дипломирани инженери. Постои можност, на нашата веб страна, компаниите да објавуваат и огласи за пракса и за кадарот што го бараат. Нашите инженери секогаш наоѓаат работа. Некои менаџери на компании бараат инженери од нас, а вработуваат и студенти од ФЕИТ“, вели Спасевска.ФЕИТ има богата меѓународна соработка. Во изминативе петнаесет години, информираше продеканот за наука и меѓународна соработка, проф. д-р Александар Ристески, се реализирале повеќе од 200 меѓународни проекти. Факултетот соработува со повеќе од 300 Универзитети, компании и институции во светот. Наша пракса е во научно-истражувачки проекти да бидат вклучени студенти од повисоките години, особено студенти на магистерски студии.„ФЕИТ е организатор и на средба на декани од нашиот балкански регион за да се зајакне нашата меѓународна соработка. Имаме и размена на студенти и професорски кадар со многу образовани институции“, рече Ристески на средбата со медиумите./крај/мф/бб

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *