Контакт

Општество

Во Скопје се одржа конференцијата на јавните обвинители на земјите од регионот

Објавено пред

Улогата на јавниот обвинител во второстепената постапка во мешани кривично правни системи беше тема на која дискутираа јавните обвинители од Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Србија и Албанија на Регионалната конференција што се одржа во Скопје на 15 и 16 октомври.

dobivaj vesti na viber

Во организација на Здружението на јавните обвинители во Република Македонија и Јавното обвинителство на Република Македонија, а со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје – Отсек за владеење на правото, конференцијата имаше за цел унапредување на кривичната постапка во делот на поголема гаранција и заштита на правата на поединецот во жалбената постапка, која како коректив важи за основен механизам за владеење на правото.Меѓународниот настан го отворија Марко Зврлевски, Јавен обвинител на Република Македонија и амбасадорката Мариане Берец, заменик шеф на Mисијата на ОБСЕ во Скопје. Присутните ги поздрави и Спасенка Андонова, претседател на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија.Јавниот обвинител на Република Македонија истакна дека јавните обвинители во второстепената постапка претставуваат гарант на ефикасното спроведување на правата. Со новиот Закон за кривична постапка тежиштето на јавните обвинители во второстепената постапка е зајакнато со давањето на надлежност да одлучува по жалби на решенијата за отфрлање на кривичните пријави и наредбите за запирање на истражната постапка. Новиот закон, потенцираше г. Зврлевски, согласно кој водечка улога во истражната постапка имаат јавните обвинители даде резултати. Само на скопското подрачје во изминатата година се решени 5000 предмети. Но, Законот за кривична постапка го одзеде правото на оштетените да продолжат приватно со кривичното гонење, со што се одзеде правото на судска заштита. Јавните обвинители сметаат дека второстепената постапка, односно постапката по жалба е гарант на казнената правда, па затоа јавното обвинителство е носител на иницијативата за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка.Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакна амбасадорката Мариане Берец, дава целосна поддршка во заложбите на јавните обвинители да ги зајакнат структурите согласно новиот закон за кривична постапка. Постоењето на можност грешките во правосудството да се поправат преку корективната улога на повисоките јавни обвинители, влева сигурност во остварувањето на правата на граѓаните. Таа го поздрави присуството на јавните обвинители од регионот, истакнувајќи дека вредните искуства ќе се пренесат во измените и дополнувањата на постојната регулатива.Претседателот на Здружението на јавни обвинители на Република Македонија, Спасенка Андонова ја поздрави соработката со Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со чија помош се одржа меѓународната конференција, која е одговор на потребата со размена на информации да се надминат бариерите, да се овозможи непречен проток на информации, со цел да се изврши поголемо усогласување на системите.На регионалната конференција присутните детално го елаборираа новиот концепт на кривичната постапка со фокус на постапувањето на обвинителите во постапките по жалба, улогата на вишите јавни обвинители како коректив на работата на основните јавни обвинители. Според присутните, законските решенија даваат двојна улога на второстепениот обвинител и прашања кои се отвораат во практичната работа. Имено, предходното законско решение даваше можност на оштетените, односно подносителите на кривичната пријава да го продложат кривичното гонење кога основниот јавен обвинител ќе го отфрлеше нивното барање , т.н. супсидијарна тужба. Новото законско решение ја дава само можноста оштетениот да поднесе жалба до повисокото јавно обвинителство, кое решава по неа. Доколку повисокиот јавен обвинител го потврди решението за отфрлање на кривичната пријава донесено од понискиот јавен обвинител, постапката завршува. Оштетениот нема законска можност понатаму да го продолжи гонењето, а тоа според ставот на јавните обвинители е нарушување на правото на судска заштита.Самото постапување по поднесените жалби од страна на Вишиот јавен обвинител отвора дилеми кои оставаат простор за дискусија и идно регулирање, како што е поднесување на жалба по два или повеќе пати, одлучување на ист основен јавен обвинител во ист предмет кој веќе еднаш донел одлука за отфрлање и дали вториот пат може да се очекува да одлучи поинаку, значењето на вештачењето во предметите итн.На конференцијата стана збор и за постапката по жалба согласно Законот за кривичната постапка од 2010 година и принципот на еднаквост на оружјата со особено внимание на инквизиторските елементи на домашната жалбена постапка – нагласената улога на судијата известител, доставата на списите на предметот преку судот до второстепениот обвинител, принципот на еднаквост на оружјата, неможноста второстепениот обвинител да ја одобри жалбата на основниот обвинител поради немање сознание за аргументите на одбраната во жалбата, па својот став го формира кога ќе ги добие двете жалби и одговорот на жалбата.На крајот на Регионалната конференција учесниците фокусот го насочија кон жалбата на пресуда на првостепениот суд поднесена од страна на јавниот обвинител, односно причините поради кои може да се побива пресудата, особено жалбениот основ за погрешно утврдената фактичка состојба и исклучувањето на основот за побивање на првостепената пресуда заради нецелосно утврдена фактичка состојба.Плодните дискусии и размената на искуствата меѓу обвинителите од регионот придонесоа Регионалната конференција да заврши со висока оценка во поглед на корисноста од неа и желба за продолжување на праксата за организирање на вакви средби на регионално ниво./крај/мф/ффс

Извор: Макфакс

Македонија

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан

Објавено пред

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.

dobivaj vesti na viber

Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.

Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.

Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.

Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.

Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.

Постот завршува со Бајрам.

Прикажи повеќе...

Македонија

Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство

Објавено пред

Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.

dobivaj vesti na viber

При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.

„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови

Објавено пред

Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.

dobivaj vesti na viber

Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.

Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.

-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.

Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија2 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија3 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија4 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ5 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија5 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија6 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија9 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет9 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет9 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија9 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион9 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет10 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет10 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...