Ахмети: Изборите беа одржани за кризата да се реши, а не продлабочи

Ахмети: Изборите беа одржани за кризата да се реши, а не продлабочи

 

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во четвртокот се сретна со специјалниот претставник на германското МНР, Кристијан Хелбах, со кого разговараа околу новонастанатата ситуација по изборите на 11-ти декември минатата година и политичката состојба во земјава, како и за напорите за да се излезе од политичката и институционалната блокада, соопштуваат од ДУИ.

 

Ахмети говореше за улогата на ДУИ за оддржување на сеопфатни и кредибилни избори како и нашето инсистирање за заокружување на Охридскиот договор, системски реформи и евроатлантска интеграција, додаваат од партијата.

 

Ахмети истакна дека изборите беа организирани за да ја решат кризата, а не за да ја продолжат или продлабочат кризата. Германскиот претставник Хелбах истакна дека Германија има разбирање за одлуката на Ахмети и ја нагласи поддршката на Берлин за интергирана Македонија во евроатлантските структури и Македонија со ефикасни системски реформи, додаваат од ДУИ.

 

Ахмети исто така го информираше Хелбах дека се прават напори за да се деблокира Собранието за да почнат да функционираат институциите во земјатам, додавајќи дека  сите останати оправдувањата се неодржливи поради тоа што „заедничката изјава е резиме на изборните програми на албанските парламентарни партии и на ниту еден единствен начин не го загрозуваат уставниот поредок на Македонија“./крај/мф/бс