МАКФАКС

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев нема да формира влада

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев нема да формира влада
30.01.2017, 17:05

 

Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада, соопштија попладнево од ВМРО-ДПМНЕ, откако нивниот лидер Никола Груевски, за 20 дена не успеа да формира Влада, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев излезе со став дека очекува претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот нему.

„Граѓаните на 11-ти декември ја дадоа својата поддршка за излез од кризата и гласаа за проекти, реформи и развој. Граѓаните на 11-ти декември ставија крај на деструкцијата и велепредавствата кои ги промовираше СДСМ како нивна политика.
Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и игнорирал Уставот и законите на Република Македонија. Единствено што знае еден аболициран криминалец е да лаже и манипулира, а не да ги толкува Уставот и законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бб

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *