ВМРО-ДПМНЕ: Заев знае за црниот бизнис со дрога на своите пријатели?!

ВМРО-ДПМНЕ: Заев знае за црниот бизнис со дрога на своите пријатели?!

 

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ е дувло и синоним за криминал. Тоа, јавноста повторно го видело кога биле фатени дилери блиски до криминогеното раководство на СДСМ, кои паднале во раце на полицијата под сомнение дека тргувале со дрога.

„Во рамки на полициската акција за сузбивање на криминогени групи, уапсени се три лица од Тетовско кои според медиумите одработувале за аболицираниот криминалец Зоран Заев. Повторно јавноста можеше да ги види истите заеднички фотосесии на криминогеното раководство на СДСМ со осомничените дилери.

Станува збор за лице од село Одри, Општина Теарце, активист на СДСМ кој заедно со Петре Шилегов работеше на терен за парламентарните избори во 2016-та година и уште две лица од Тетово и Порој.

Ова е најдобар доказ за тоа како и на кој начин работи и се финансира криминогеното раководство на СДСМ.

Зоран Заев доста се криеше и молчеше, штитејќи ги своите криминогени пријатели. Јавноста мора да добие одговор на следниве прашања.

Дали аболицираниот Зоран Заев и Петре Шилегов знаеја за црниот бизнис со дрога на своите пријатели?

Доколку знаеjа, зошто додека СДСМ го водеше МВР, овие криминалци не беа уапсени?

Дали додека Оливер Спасовски беше министер, СДСМ ги штитеше овие криминалци?

Конечно дали преку црните пари од препродажба на дрога се финансирало и криминогеното раководство на СДСМ?

Зоран Заев и СДСМ работат исклучиво со криминални структури. Веќе стана секојдневие блиски соработници на Заев да бидат фатени за криминал.

Само за потсетување.

Пред само една недела за трговија со дрога беше фатен и братот на првиот човек на СДСМ во Арачиново, кој е близок со Зоран Заев.

Беше уапсен и Сеад Рахиќ – Сетко, брат на поранешниот пратеник од редовите на СДСМ кој беше уапсен за организирање на криминална група за продажба на кокаин во Скопје.

Соработник на Зоран Заев е и Захир Бекири Чауш кој беше раководител на т.н. „Фабрика за афери“ на СДСМ.

Зоран Заев соработува и со Харун Хаџибулиќ кој е познат припадник на скопското криминално подземје по него беше распишана потерница за помагање во убиство.

Ова доволно говори за начинот на кој што работи аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминогеното раководство. Зоран Заев и неговите криминални соработници ќе одговараат пред законите и пред граѓаните“, изјави Дарко Костовски./крај/мф/кс