ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ниту еднаш не ги осудија изјавите на Села и Дода

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ниту еднаш не ги осудија изјавите на Села и Дода

 

Зијадин Села, човекот од кого зависи Парламентарно мнозинство на СДСМ и тиранската влада на Заев на изборите пред своите гласачи се обврза дека никогаш нема да се откаже Македонија да стане бинационална држава или во спротивност ќе бара федерализација на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„СДСМ и Зоран Заев одат по тенок мраз и не се откажуваат од Тиранската Платформа и упорно со тоа ја носат Македонија кон работ на бездна. Истиот тој Зијадин Села го слушавме од изборен митинг во Гостивар како ветува дека ќе ги брка Македонците од работа, како технолошки вишок со што ќе ослободува места за Албанците од тој крај“, порачуваат од партијата.

 

„Веќе подолг период гледаме како Заев молчешкум ја одобрува агендата на Села само за да ги добие неговите три гласа во Собранието и покрај изјавите дека Села не ги признава македонското знаме и химна, но и дека македонската нација не постоела. Аболицираниот криминалец Зоран Заев заслепен од потребата за власт е спремен Македонците да ги продаде и да ги напраави кираџии во сопствената држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Уценетиот криминалец Зоран Заев ќе остане запамтен во историјата како човек кој од лукративни мотиви ја иницираше дебатата за овие прашања и ги стави на маса највисоките државни и национални интереси. Аболицираниот Зоран Заев водејќи се од жедта за власт и пари ја распродава Македонија“, порачуваат од партијата.

 

„Заев и криминогеното раководство на СДСМ со цел да му се додворат на радикалот Села го активираа и Питер Ванхауте, човекот кој што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ, под маската на дипломат. Сега и тој отворено зборува за редефинирање на Република Македонија. Албанската пратеничка, Месила Дода јавно пред сите се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Аболицираниот Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ ниту еднаш не ги осудија овие изјави на Села и Дода. Молчеа и сеуште молчат. Исто како што не ги осудија и изјавите на Трифун Костовски кој што им го одзеде правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјава“, велат од партијата.

 

„ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада. Доколку сепак Заев толку ја почитува Платформата од Тирана нека излезе со неа на избори како своја предизборна програма со која ќе ја бара поддршката од граѓаните“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бс