ВМРО-ДПМНЕ: Нема рационални причини за продолжување на мандатот на СЈО

ВМРО-ДПМНЕ: Нема рационални причини за продолжување на мандатот на СЈО

 

Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев, и тие ја имаат улогата на цензор за да расчистат со медиумите кои не му се под контрола и кои самиот Заев ги прогласи за непријатели, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„ВМРО-ДПМНЕ гласаше за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши работата. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболицирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на СДСМ“, порачуваат од партијата.

 

„ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови на СДСМ и ќе ангажира функционери и поданици на аболицираниот криминалец Заев како експерти“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Со самото откажување од случајот „Пуч“, со пуштањето од притвор на Верушевски и со сегашниот атак кон медиумите, СЈО потврди дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.