МАКФАКС

ВМРО-ДПМНЕ предложи сеопфатна стратегија за поддршка на училиштниот спорт

ВМРО-ДПМНЕ предложи сеопфатна стратегија за поддршка на училиштниот спорт
14.02.2017, 13:25

 

Бидејќи грижата кон учениците и нивниот правилен раст и развој преку поддршка на училишниот спорт во времето на владеење на СДСМ била незадоволителна, Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ предложи и започна со имплементација на сеопфатна стратегија за поддршка на училишниот спорт и за правилно насочување на учениците, реагираат на денешното соопштение од СДСМ во кое велат дека ќе го развиваат училиштниот спорт.

„Во тој контекст, информираме дека во изминатите неколку години Владата изгради 98 училишни спортски сали во многу општини дури и во места каде што претходно не постоело ниту земјено игралиште, а изградени се и бројни мултифункционални спортски игралишта, тениски терени, фудбалски и игралишта за баскет. СДСМ, своевремено не успеа да изгради ниту еден објект од ваков тип, така што вредност на нивните инвестиции во оваа област е рамна на нула. Покрај ваквото обновување на спортската инфраструктура во рамки на образовните институции, Владата на ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме го зголеми бројот на часовите по физичко образование и спортски активности, од 2 на 3 часа неделно“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, во изминатите години значително е зголемена спортската активност кај учениците од средните и основните училишта со имплементирањето на законската можност за регистрација на училишните спортски клубови. Во овој момент, многу основни и средни училишта имаат активни регистрирани спортски клубови по повеќе спортови и во истите се вклучени повеќе од 30.000 ученици, бројка којашто континуирано се зголемува./крај/со/бб

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *