МАКФАКС

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема реален контакт со земјоделството и земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема реален контакт со земјоделството и земјоделците
12.02.2017, 14:54

Ова кое што СДСМ сега го нуди ни од далеку не е мерка која ќе им помогне на земјоделците, затоа што и досега државата интервенирала и тоа со многу повеќе средства кога се работи за обештетување на земјоделски површини и за помош на земјоделци од природни непогоди.

Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по најавите на СДСМ дека ќе формираат интервентен фонд од шест милиони евра што ќе бидат наменети за земјоделците во случаи на непогоди.

„Бројката која сега СДСМ ја предлага е далеку пониска од реалните исплати кои државата на годишно ниво ги одвојува по оваа ставка. Дополнително на земјоделците во Македонија им стојат на располагање 150 милиони евра субвенции и повеќе мерки кои може да ги искористат. Сево ова покажува колку всушност СДСМ нема реален контакт со земјоделството и земјоделците во Македонија. Оваа партија беше и остана салонска и елитистичка партија која освен лажни и нерационални ветувања нема што друго да понуди на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *