МАКФАКС

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го поддржиме Заев во формирање Влада само ако се откаже од урнисувањето на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го поддржиме Заев во формирање Влада само ако се откаже од урнисувањето на државата
27.02.2017, 09:54

 

На 11-ти декември победија граѓаните на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Победи концептот на унитарна и мултикултурна Македонија. Време е СДСМ да се помири со поразот и да прекине со погубното сценарио за урнисување на нашата држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Граѓаните на 11-та декември не гласаа за официјализирање на албански јазик, двојазични банкноти, кантонизација или федерализација, додаваат од партијата.

 

Време е да сопре очајничкото однесување на Зоран Заев и СДСМ, кое оди против волјата на граѓаните. Целата јавност гледа дека Зоран Заев е подготвен да ја свитка кичмата за личниот интерес и болната желба за власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

СДСМ не го прави ова прв пат. Во 2004-та година го донесоа Законот за територијална поделба за да се дограбат до функцијата Претседател, а граѓаните на Република Македонија, особено на Струга и Кичево и ден денес ги трпат последиците. И тогаш како и сега преку бројните платеници се обидуваа да го изманипулираат народот. Истото ни се случува и денес, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Зоран Заев и СДСМ и денеска се подготвени за власт да ја прифатат и реализираат Платформата смислена во Тирана. Нека размислат и нека се откажат од антидржавното сценарио додека не е предоцна. Веднаш ќе ја добијат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада, но условот за нашата поддршка е да се откажат од редефинирањето на државата, двојазичноста, кантонизацијата и федерализацијата, како и бинационалниот концепт на Република Македонија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Државните и националните интереси, како и интересите на сите граѓани на Република Македонија секогаш ни се пред се и над се. Така е и овој пат. Подготвени сме да го поддржиме Заев во формирање Влада, ако и само ако се откаже од урнисувањето на државата и виткање на кичмата, спасувајќи ја државата од непринципиелните пазарења, заклучуваат од партијата./крај/мф/бс

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *