Заев за бугарски „Капитал“: Промените мора да се случат

Заев за бугарски „Капитал“: Промените мора да се случат

 

Идниот претседател на парламентот ќе испрати писмо на господинот Иванов и ќе му даде рок од 10 дена со кој ќе го информира дека е составено мнозинство во Парламентот, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за бугарски „Капитал“.

 

„За целиот демократски свет е несфатливо како при 120 пратеници во парламентот ние имаме 67 потписи за коалиција и не добиваме мандат за формирање на влада. Не постои никакво логично објаснување зошто тоа не се случува. Единственото е дека претседателот на државата е од истата политичка партија од која е нашиот противник, Никола Груевски. И го прават тоа за да не се случи брзо предавање на власта“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

„Македонија треба да може по демократски пат да менува власта. Ние ја објавивме јавно програмата на Владата и изјавивме дека повеќе нема никакви „тирански платформи“, ниту декларации, ниту програми на албанските партии, ниту програма на СДСМ. Постои програма на идната влада. Таа го потврдува унитарниот карактер на државата и е целосно во согласност со Уставот на Република Македонија. Изјавивме дека двете најголеми цели за нас се влез во ЕУ и НАТО и одбрана на 100 отсто на интересите на сите граѓани на Македонија“, додава Заев.

 

„Идниот претседател на парламентот ќе испрати писмо на г-дин Иванов и ќе му даде рок од 10 дена со кој ќе го информира дека е составено мнозинство во парламентот и тоа треба да добие мандат ,да формира влада. Ќе мора уште трпение, но веруваме дека треба да се дејствува по демократски пат, со дијалог, за да се случат конечно промените во Македонија“, вели Заев./крај/мф/гд