МАКФАКС

Миноски: СДСМ со проектите од економската програма ја дефокусира јавноста од Тиранската платформа

Миноски: СДСМ со проектите од економската програма ја дефокусира јавноста од Тиранската платформа
12.03.2017, 16:57

Зоран Заев заедно со неговите пулени во обидот да го дефокусира вниманието од прифаќањето на Тиранската Платформа, денеска се обидува да ги презентира проектите од т.н. економска програма на СДСМ, рече Кирил Миноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Економската програма на СДСМ е добро позната за граѓаните на Република Македонија. Познати се времињата на највисока стапка на невработеност во светот од 38%. Познати се времињата на криминалната приватизација во која што најмалку 250.000 граѓани беа избркани од своите работни места. Познати се ветувањата и за секој вработен од едно семејство. Од тие причини ние уште еднаш укажуваме на фактот дека народот е на улица. Народот јасно кажува дека се противи на Тиранската Платформа и на обидите да се разнебити унитарниот карактер на Република Македонија“, порача Миноски.

Тој најави дека дури и ваквата економска програма на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи доколку Заев одлучно се откаже од прифаќањето на Тиранската Платформа. /крај/со/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *