МАКФАКС

СДСМ: Груевски да се повлече од насилната реторика и да престане да шири немир и поделби кај граѓаните

СДСМ: Груевски да се повлече од насилната реторика и да престане да шири немир и поделби кај граѓаните
19.03.2017, 21:14

 

„Никола Груевски мора да ја прифати реалноста. Тој може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата. Ефектите од документите на Груевски ги почувствуваа граѓаните. Но заврши тоа време за лични криминали и криминали на неговите соработници“, велат од СДСМ како реакција на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за „Канал 5“.

 

„Сега пред целата домашна и меѓународна јавност е конкретен документ зад којшто стојат околу 700 илјади граѓани на Македонија. Тоа е Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто гарантира квалитетен живот за сите граѓани независно од каква било различност, правда за сите, заедништво и реформи за евроатланските интеграции. Таа Програма го разобличува Груевски и тоа го потресува, бидејки му ги одзема сите лажни вести“, велат од СДСМ.

 

„Никола Груевски мора веднаш да се повлече од насилната реторика, да шири немир и поделби кај граѓаните за непостоечки теми и да ги малтретира луѓето да ги бранат неговите криминали“, додаваат од партијата.

 

„Тоа што тој го прави е неговата паника и хистерија пред соочувањето со одговорноста. Македонија мора да оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада. Така избраа граѓаните и тоа Груевски повеќе не може да го спречи“, се вели во соопштението на СДСМ./крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *