МАКФАКС

СДСМ напладне ќе го избере Заев за мандатар

СДСМ напладне ќе го избере Заев за мандатар
25.02.2017, 10:29

 

СДСМ во сабота на пладне ќе одржи централен и извршен одбор на кои официјално претседателот на партијата Зоран Заев ќе биде избран за мандатар.

 

ДУИ во петокот доцна ноќта донесе одлука да му ги даде потписите од десетте свои пратеници на СДСМ за да го добие мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов, а портпаролот на партијата Бујар Османи потврди дека Централното претседателство на повеќе од десетчасовната седница седница изгласало да му се дадат на потписите на СДСМ за да се запази рокот за локалните избори, но и оти тоа сé уште не значи дека ДУИ ќе учествува во идната влада.

 

„Решивме да му ги дадеме потписите на СДСМ, но тоа не значи дека даваме согласност за формирање влада. Ги даваме потписите за да се запазат роковите за локалните избори, бидејќи нивното одложување не е во интерес на граѓаните на Македонија. Во игра остануваат сите опции. Дискутиравме и за опцијата да останеме во опозиција или да дадеме поддршка за малцинска влада, бидејќи не е во наш интерес да учествуваме во владата по секоја цена. Има различни мислења, ќе продолжиме со состаноците“, изјави портпролот на ДУИ Бујар Османи по седницата./крај/мф/бс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *