МАКФАКС

СДСМ: Наскоро ќе има нова влада – ДПМНЕ: СДСМ работи спротивно на интересите на народот

СДСМ: Наскоро ќе има нова влада – ДПМНЕ: СДСМ работи спротивно на интересите на народот
06.04.2017, 11:34

 

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Манифестот за единствена Македонија е единственото решение за излез од кризата и тоа дека насилно преземање на власта нема да помине.

Тие велат дека СДСМ кројат планови како недемократски да почнат да ја спроведуваат Тиранската платформа. Тие се подготвени и на сила да ја погазат волјата на народот, националните и државните интереси.

„СДСМ одбива да се откаже од тиранската платформа, чии елементи водат кон разнебитување на државата, потоа СДСМ премолчи и за најавите на албанскиот МНР дека токму тие елементи треба да се преточат во Устав на Република Македонија, а сега СДС Мотворено кажува дека има план како на сила и да го реализира“, се вели во соопштението.

Од СДСМ ги демантираат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека демократските процеси брзо ќе се придвижат, а Собранието ќе добие претседател и нова реформска Влада со што ќе се испочитува вољата на граѓаните.

Тие се повикуваат на последните пораки испратени од претставници, пратеници и институции на Европската унија, како и последните извештаи на меѓународните организации, каде според нив, се укажувало на итно деблокирање на демократските процеси. Притоа, порачуваат, дека Иванов, заедно со Груевски и ДПМНЕ дека не смеат да ја носат државата во изолација само за да ги спречат промените и да се заштитат од одговорност за направените криминали../крај/мф/кл

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *