СЈО: Не сме поврзани со СДСМ, нè избраа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

СЈО: Не сме поврзани со СДСМ, нè избраа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Најостро ги демантираме наводите за поврзаност на ова Јавно обвинителство со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, искажани во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СЈО.

„Во оваа прилика укажуваме дека ова Јавното обвинителство, како независна и професионална институција, е формирано со Закон за кој во Собранието на Република Македонија гласаа вкупно 111 пратеници, вклучително и пратениците од партијата ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата од СЈО.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ го обвини СЈО дека е алатка во рацете на СДСМ. /крај/со