Шахпаска: Конститутивната седница да продолжи во вторник и да се овозможи формирањето нова Влада

Шахпаска: Конститутивната седница да продолжи во вторник и да се овозможи формирањето нова Влада

 

Очекуваме дека конститутвната седница треба да продолжи и да заврши со позитивен исход, односно со избор на Претседател на Собранието, изјави во неделата Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието и член на Комисијата за здравство на СДСМ.

 

„Очекуваме ова прашање конечно да биде затворено и Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека граѓаните на Република Македонија ја очекуваат новата реформска влада и треба да се испочитува она што беше испорачано како нивна желба на изборите на 11-ти декември.  Само за потсетување, 700 илјади граѓани гласаа за промени и за нова Влада“, рече таа.

 

„Како што предвидува Уставот, како што предвидува Деловникот за работа наСобранието, работите треба да течат согласно она што е законска обрвска и регулатива. Прво треба да заврши контитутивната седница, а понатаму да продолжат сите активности во законодавниот дом“, додаде Шахпаска./крај/мф/бс