Шилегов: Ако ВМРО-ДПМНЕ се искрени со манифестот, тогаш мирно ќе ја предадат власта

Шилегов: Ако ВМРО-ДПМНЕ се искрени со манифестот, тогаш мирно ќе ја предадат власта

Основните принципи на кои што се засноваат асоцијациите кон кои Македонија како држава претендира, тоа се ЕУ и НАТО се: демократско општество, демократски држави, неселективно владеење на правото и мирно примопредавање на власта. Доколку се искрени, тоа треба да го спроведат.

Ова, одговарајќи на новинарски прашања го изјави во недела портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, запрашан да ја прокоментира објавата на манифестот за единствена Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние сме во процес, и сами сте сведоци дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов во Собранието на Република Македонија и преку претседателот Ѓорге Иванов, ги блокира демократските процеси во Македонија. Ако се нивните заложби искрени, во тој случај ќе треба да следи процесот на мирно предавање на власта, со цел да се спроведат токму и реформите“, рече Шилегов. /крај/со/мф