Шилегов: Работиме за изнаоѓањe решение, за брзо време ќе имаме влада

Шилегов: Работиме за изнаоѓањe решение, за брзо време ќе имаме влада

Во текот на овие неколку дена замоливме за трпение, имајте ја во предвит сензитивноста, а СДСМ е целосно посветен на изнаоѓање брзо и ефикасно решение за формирање на новата влада, рече во саботата портпаролот на социјалдермкратите Петре Шилегов, одговрарајќи на новинарско прашање дали се очекува наскоро да се договори парламентарно мнозинство и да се формира влада, но повторно одбегна да одговри на прашањето дали Платформата на алабанските партии е прифатлива за неговата партија.

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, чија партија на предвремените парламентарни избори од 11-ти екември освои 51 мандат во Собранието, во предвидениот рок не успеа да се договори со досегашниот партнер ДУИ, шансата за обезбедување парламентарно мнозинство ја има СДСМ

„Граѓаните на изборите избраа влада којашто ќе ги воведе и донесе потребните и бараните промени, таква влада ќе биде избрана“, рече Шилегов одговарајќи на прашањето дали СДСМ води преговори со ДУИ и другите политички партии на македонските Албанци кои добија мандати во парламентот.

„Сите политички субјекти коишто се инволвирани во процесот, постизборен, треба да се свесни за состојбата во којашто се наоѓа Република Македонија, за сложеноста на таа состојба и да сносат одговорност за своите одлуки“, ја коментираше портапролот на СДСМ изјавата на Бујар Османи, портпарол на ДУИ, дека без договор за платформата која ја потпишаа албанските партии нема да добијат поддршка.

Шилегов, не сакаше да открива повеќе ниту за текот на разговорите со евентуалните партнери во идната влада, ниту за инфромациите за прифаќање на споменатата платформа.
„Токму тоа го реков, сите субјекти треба да се свесни за висината на задачата и за предизвиците пред којшто е Република Македонија и да носат соодветни одлуки на таа состојба. Кажав, да имаме минимум трпение, работиме за изнаоѓање на решение, за брзо ќе имаме влада“, повтори Шилегов на новинарските прашања.

Трпение од јавноста, исто така, побара и во однос на евентуалната средба меѓу челниците на СДСМ и ДУИ која со своите 10 мандати може да обезбеди мнозинство за составување влада/

„Имајте трпение, во моментот кога некоја информација ќе биде зрела за споделување, ќе ја споделиме. Не би сакале да шпекулираме со информации заради тоа што дополнително ќе настане конфузија во јавноста. Кажав, бидете трпеливи, работиме на изнаоѓање решение, рече Шилегов, индиректно одговарајќи на прашњето дали се водат преговори.

„Кажавме, во моментот кога ќе ни биде даден мандатот ќе ги соопштиме сите наши ставови, по тоа прашање имавте добиено одговор директно од претседателот Заев“, одговори портпаролот на СДСМ на прашањето дали за партијата е прифатлива споменатата платформата./крај/мф