МАКФАКС

Јанкулоска: СЈО е алатка во функција на СДСМ

Јанкулоска: СЈО е алатка во функција на СДСМ
06.02.2017, 12:57

Специјалното јавно обвинителство нема кредибилтет за било какви постапки поврзани со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некоја цел.

Ова го изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која во понеделник наутро беше повикана на распит во СЈО.

„Во периодот на наближување на разрешницата на политичката криза на Зоран Заев му е потребна помош. Секогаш кога на Зоран Заев му е потребна помош тука е Специјалното јавно обвинителство да излезат со нешто што тие ценат дека оди во прилог на опозицијата односно дека ги подобрува позициите на Зоран Заев. На граѓаните на Република Македонија повеќе од јасно им е дека ова е политичка пресметка со неистомислениците на СДСМ, со неистомислениците на Зоран Заев кој неодамна беше и фактички повторно аболициран од СЈО. Без разлика колку пати ќе повикуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ исходот односно впечатокот во јавноста и крајниот исход од постапките во јавноста не може да се смени“, изјави Јанкулоска.

Таа не кажа за кој случај била повикана да даде исказ. Јанкулоска е осомничена во неколку случаи што ги отвори СЈО. /крај/со/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *