Политика
Заев: Иванов направи државен удар – постои предизборно ветување на албанските партии како декларација
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервјуто на Канал 5 , посочи дека претседателот Иванов направил државен удар, наместо да има мирен трансфер на власта.
„Нема платформи или декларации„, рече Заев,„ само програма на новата Влада„.
„Постои ветување кон албанските партии преточено во декларација за појдовни точки за преговори за влада. Тоа беше поставено пред Груевски, а сега и со СДСМ. Ние објавивме програма на влада и веќе нема партиски програми и декларации. Како би било јас да кажам дека Груевски е во Тиранска влада, нема да биде чесно. Затоа го повикувам на дуел заедно со Иванов за да ги разјасниме овие работи пред народот„ потенцира Заев.
Новиот претседател на парламентот ќе му пушти допис на Иванов, со цел во рок од десет дена да го даде мандатот, изјави Заев.
Лидерот на СДСМ посочува дека Талат Џафери од ДУИ е еден од посериозните кандидати за претседател на Собранието на РМ, затоа што поседува најголемо искуство во работењето на парламентот.
“Повикот на Груевски за малцинска влада е федерализација. Ако Македонците формираат влада, каде ќе се Албанците? Барем една албанска партија мора да е во власта. Груевски нуди малцинска влада, а зашто да нема мнозинска влада? Од тука се јасни работите, понудата на Груевски е да ја замајува јавноста и да купува време, а да губи време Македонија„, рече Заев, додавајќи дека е лага ќе сме го сменеле името, за тоа може да одлучат само граѓаните на референдум.
“Лаги се тие на Никола дека ќе ја снемало Македонија и дека ќе сме го сменело името. Може да го снема Никола, но секој мора да одговара пред законот“, рече Заев во интервјуто на Канал5./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВРЕДИ: СДСМ-ДУИ дозволија шпионирање на американски официјални лица – Зошто Македонија не го уништи овој софтвер?
Пред неколку дена, Министерството за финансии на нашиот главен сојузник, САД, ја санкционираше македонската фирма Цитрок за шпионирање со софтверот Предатор. Ова е прв пат во историјата на САД поединци или компании да бидат санкционирани поради сајбер-шпионажа, се вели во соопштението од ВРЕДИ.
Компанијата Цитрокс е во сопственост на израелскиот шпион Тал Дилијан, со директор Иво Малинковски, близок до владините кругови во Северна Македонија. Оваа компанија шпионираше американски функционери, новинари, експерти и други архитекти на американската политика. Низ светот, им помогна на различни режими да ги прекршат основните човекови права, шпионирајќи и таргетирајќи ги нивните неистомисленици.
Владините функционери на Северна Македонија знаеја за мрачните постапки на оваа компанија уште во 2022 година, а на црната листа беше ставена во 2023 година. Што е уште полошо, во овој период Северна Македонија претседаваше со ОБСЕ, организација чија главна мисија е безбедноста. Но, додека министерот Бујар Османи беше зафатен со патувања и фотографирање низ светот, оваа компанија пред носот на владата ги шпионираше американските функционери, се вели во соопштението од ВРЕДИ.
Да потсетиме дека овој скандал со шпионажа е само последен во низата антиамерикански и антизападни скандали, како хакирањето на американските избори од Велес, откривањето на четничкото гнездо во Министерството за одбрана, средбата на Бујар Османи со Лавров, парадирањето и сликањето со рускиот агент Александар Вучиќ и други.
Сите овие скандали само докажуваат дека Северна Македонија под владеењето на СДСМ-ДУИ, се претвори во антиамериканско и антизападно гнездо. Како членка на НАТО, таа стана тројански коњ преку кој мрачните сили ја поткопуваат безбедноста на нашите американски и европски партнери, се вели во соопштението од ВРЕДИ.
По сите овие скандали, ги поставуваме следниве прашања:
1) Како е можно членка на НАТО да шпионира високи американски функционери?
2) Зошто Северна Македонија не презема ништо за уништување на софтверот Предатор на фирмата Цитрокс, иако била алармирана најмалку две години?
3) Дали софтверот Предатор се користи за шпионажа и во Северна Македонија? Дали оваа власт продолжила со тактиката на Мијалков?
4) Дали постои и каква е врската помеѓу израелецот Тал Далиан и израелската компанија која работи на кампањата на ДУИ? Дали кампањата на ДУИ се базира првенствено на шпионажа потпомогната од израелски компании?
Македонија
Јаневска: Децата ќе учат нешта кои им се потребни за животот, ќе се прилагодуваат наставните програми во гимназиското образование, а ќе се отворат и три регионални центри за средно стручно образование
„Децата во новиот систем на образование ќе научат нешта кои им се потребни за животот. Ќе се запознаваат со тоа што е претприемништво, демократија, што е тоа општество, различни култури, ќе почитуваат традиции. Ќе научат како да носат одлуки значајни за нивниот живот, како да решаваат проблеми на мирен и конструктивен начин. Децата ќе научат како да планираат домашен буџет, како да менаџираат со своето време. Ќе им го понудиме се она кое што досега го немале, а го има во ЕУ, каде што ние се стремиме да одиме, односно кој квалитет сакаме да го постигнеме“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.
Јаневска дополни дека ќе се посвети акцент и на вон наставните активности во зависност од афинитетите на учениците.
„Учениците од прво до четврто ќе имаат целодневна настава, а од петто до деветто тие ќе имаат едносменска настава, за да можат се ова кое што го зборуваме да можат да го остварат во училиштето. Се што треба ќе биде заокружено во тој период. За оние деца кои покажуваат посебни афинитети кон науката и образованието и се истакнуваат со своите таленти ќе направиме напредни програми и тие деца освен базата која што ќе ја стекнуваат како сите други, ќе добиваат ментори со кои ќе ги развиваат своите таленти“, дополни Јаневска.
Таа потенцираше дека ќе се прават и соодветни инфраструктурни инвестиции во зависност од тоа што е неопходно да се направи во одредени училишта.
„За да преминат во средно образование децата ќе добијат советување од страна на наставниците и стручните служби. Стручните служби ќе бидат докомплетирани и тие ќе ја работат својата педагошка и психолошка работа во училиштата. Ова кариерно советување ќе им помогне и на родителите. Во гимназиското образование наставните програми не се променети 20 години и истите ќе бидат променети и прилагодени. Ќе го поддржуваме и средностручното образование и дуалното образование, согласно потребите на пазарот на труд. Ќе отвориме уште три регионални центри за средно стручно образование, за децата да имаат рамноправни можности да пристапат кон образовниот процес и потоа на пазарот на трудот“, истакна Јаневска.
Македонија
Мицкоски: Ќе направиме се да имаме универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник во претстојната 2024/25 учебна година иако сакаат да ни остават хаос
Многумина добиваат звање редовен професор и до пензија забораваат да напишат труд. И ние сакаме во една таква ситуација да имаме универзитет на Шангајската листа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.
„За да се биде на Шангајската листа има два столба. Едниот столб е обврска на државата и со тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да се позанимава сериозно. Тоа значи државата да обезбеди околина, услови за научно функционирање, опрема и слично. Тоа е дел и обврска на државата, но обврската за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание. Нашиот највисок рангиран е Универзитетот Кирил и Методиј и тој е нешто под двеилјадитото место и ние сакаме да имаме наука, тоа не е можно. Наука не може во вакви услови“, рече Мицкоски.
Оттука рече претседателот Мицкоски, одлучивме да предложиме повисоки плати за сите наставници кои ќе имаат трудови со импакт фактор.
„Сега се префрлам на основците. Сето ова е залудно ако основците на време не добијат книги. А немаат книги и тоа ни се случува не затоа што се натпреваруваат концепти, туку се натпреваруваат кој поголема провизија да земе, па една партија има една омилена печатница, друга има друга печатница. На крај од ова учениците се тие кои се негативно изненадени и немаат книги“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека новата влада која би се формирала некаде втора половина на јуни месец ќе гледа да направи се сите ученици да имаат книги.
„Учебната година стaртува на први септември и информациите велат дека власта знаат дека ќе биде поразена и се обидуваат да остават тотален хаос. Но, ние ќе дадеме се од себе тоа да не се случи, како што и во техничката влада даваме се од себе да се среди хаосот кој го оставија со личните документи“, заклучи Мицкоски.