Политика
Демократски сојуз: Власта со уцена за носење на буџетот сака да ги одложи изборите
Партиите од власта (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ), наместо да го распуштат Парламентот на 12-ти октомври , со што ќе се создадеа оптимални услови за на 11-ти декември да се одржат избори, тие надвор од договорот постигнат на 31-ви август, распуштањето на Парламентот го условуваат со претходно гласање за Буџетот, велат од Демократски сојуз.
Најавите дека на утрешната седница на Парламентот ќе се распушти истиот е нов притисок, без расправа да се донес Буџетот. Тоа јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат оправдување да ги одложат изборите, сметаат од партијата.
„Притиснати од граѓаните кои барат решавање на кризата преку промени на власта и одговорност за криминалот, партиите од власта со наместени анкети се обидуваат да се претстават во јавноста дека и натаму имаат голема подршка. Доколку имаа висок рејтинг, немаше да има обид за одлагање на изборите и немаше со брутален притисок да ги полнат автобусите за присуство на денешниот партиски собир во Скопје“, стои во соопштението на Демократскиот сојуз.
Демократскиот сојуз бара на утрешната седница на Собранието на Република Македонија, прво да се изгласаат законите за Специјалното јавно обвинителство, потоа промените за Шестата изборна единица и на крај по одржана расправа да се гласа за Буџетот, по што распуштањето на Парламентот ќе биде логичен редослед на работите./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми
Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици ќе ги претстават своите платформи пред граѓаните во повеќе делови од државата. Во исто време продолжува и кампањата за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи в среда, на 24 април, додека вториот круг треба да се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.
Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.
Во рамки на третиот ден од кампањата за парламентарни избори, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде меѓу граѓаните на Брвеница и на Тетово.
Македонија
Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.
„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски.